Зошто Божиќ се слави во различни денови?

December 25, 2024
1 min read

Два датума, а ист празник-Божиќ. Еден се слави во старата година, а друг во новата. Христијанските верници раѓањето на Исус Христос претежно го слават според два различни календари.

Дел од православните цркви се водат според јулијанскиот календар, воведен од императорот Гај Јулие Цезар 46 години пред раѓањето на Исус. Подоцна папата Григориј XIII со декрет во 1582 година ги прифатил промените предложени од доктор Алојзиј Лилиј и на сила стапува грегоријанскиот календар.

Првично го применувала Римокатоличката црква, а потоа бил постепено прифатен во целиот свет на државно ниво како нов официјален календар. Разликата од него со стариот календар е 13 дена па така и празнувањето на христијанските празници се должи на различна пресметка на деновите, а не на догматско толкување околу тоа кој ден е „вистинскиот“ според верата.

На Балканот различно се слави

Генерално на Балканот различните датуми колоквијално довеле и до различни именувања на празниците, односно, ако се слави на 25 декември граѓаните го нарекуваат„католички Божиќ“, а ако раѓањето на Исус се слави на 7 јануари тогаш е „православен Божиќ“. Сепак, ова тврдење не е целосно точно, односно има и православни верници кои Божиќ слават на 25 декември.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и натаму го користи Јулијанскиот календар што значи дека Божиќ се прославува на 7 јануари.

Ист е случајот со националните цркви на Србија, Црна Гора, Русија, Молдавија и Грузија, како и православните цркви на Блискиот Исток и Северна Африка.

Сепак, постојат и православни цркви кои го слават Божиќ идентично како „грегоријанците“ на 25 декември. Тука спаѓаат Грција, Бугарија, Романија и неколку цркви низ светот, кои го применуваат обновениот јулијански календар.

Тој е реформа на стариот календар, но и делумно различен од грегоријанскиот чии недостатоци треба да ги надмине, а со него ќе се поклопува се до 2800 година. Така верниците од овие цркви, Божиќ ќе го прославуваат на 25 декември, идентично како и кај мноштвото западни цркви.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ и СДС си ги делат и криминалот и апчињата за заборавање- паничат поради губењето на власта и раскринкувањето на нивните злоупотреби

Следно

Ноќеска фрлени 45 тони сол на булеварите и улиците низ Скопје

Latest from Blog

6,2 милиони денари промет на Берзата, најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.160,71 поени. Во однос

Божиновска: Македонскиот рубин ќе има свој стандард, сертификација и гарантирано потекло

Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална

Меџити: Реконструкцијата на Старата чаршија влегува во завршна фаза

Реконструкцијата на дел од Старата скопска чаршија се приближува кон завршната фаза, а најголемиот дел од планираните градежни активности веќе е реализиран, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. „Ветивме дека ќе

ВИДЕО – Николоски: Охридскиот аеродром станува модерен центар и препознатлив симбол на регионот

Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ доби целосно нов изглед и значително зголемен капацитет, со цел да обезбеди подобро и поудобно искуство за патниците, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски
Go toTop