Песков: Не е точно дека на европските претставници им предложивме мировен договор

January 9, 2023
1 min read

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша тврдењето како уште една лага. Тој додаде дека новите испораки на западно оружје за Киев ќе ги продлабочат страдањата на украинскиот народ и нема да го сменат текот на конфликтот

Кремљ денеска го отфрли тврдењето на Украина дека висок руски функционер им ја претставил на европските претставници идејата за потенцијален мировен договор во Украина. Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во четвртокот на телевизија изјави дека Дмитриј Козак, заменик-шефот на претседателската администрација на Русија, се состанува со европски претставници во обид да го принуди Киев на неповолен мировен договор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша тврдењето како уште една лага. Тој додаде дека новите испораки на западно оружје за Киев ќе ги продлабочат страдањата на украинскиот народ и нема да го сменат текот на конфликтот.

„Ова снабдување нема да може ништо да промени“,

изјави Песков на новинарите на дневниот брифинг.

Украина, која остварува одредени придобивки на бојното поле по инвазијата на Русија минатиот февруари, побара од своите западни сојузници да ѝ испорачаат тешко вооружување и противвоздушна одбрана како би ја свртела повеќе од 10-месечната војна во нејзина корист.

Песков денеска изјави и дека информациите на Москва дека 600 украински војници загинале во нападот на градот Краматорск се покажале како точни, и покрај информациите дека нападите ги промашиле своите цели.

„Кремљ е апсолутно убеден во точноста на тие информации, а јас ќе ве потсетам на зборовите на претседателот Владимир Путин дека главен извор на информациите било Министерството за одбрана“,

рече Песков.

Претходно „Ројтерс“ објави дека руските ракетни напади ги промашиле нивните цели во градот Краматорск и немало очигледни знаци на штета, и покрај тврдењата на Москва дека во нападите загинале 600 украински војници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца разбојници среде бел ден ограбиле дистрибутер

Следно

За новогодишните и божиќните празници нема примено пациенти со повреда од петарди

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop