Анализа: Сите се откажуваат од „војникот“ на Ахмети, се чека Командантот да му стави „точка“

December 24, 2024
3 mins read

Јас сум војник на Ахмети, ќе рече Артан Груби на 9-ти мај залауфан и во момент на искреност во поткаст пред социјадемократските доајени во „Политиканти“. Невобичаен чин на јавен израз на потчинетости и крајна субмисивност на лик познат по чаламот, ароганцијата, децата на Калето… Кој би помислил дека самобендисаниот и нарцисоиден Груби може толку да коленичи за некого, нели? Арно ама, можело.

  • Јас ќе направам така како што ќе ми каже Али Ахмети. Ако Али Ахмети ми каже да одиме со СДСМ, ќе одиме со СДСМ. Не е ни полтронистички ни улизување туку е верба, јас верувам во неговите проценки и во неговото политичко убедување.
  • Кога ќе се донесе одлуката откако ќе се убедиме јас сум војник и ја спроведувам таа одлука која што ќе ја донесе Ахмети и партијата. Се гледам како негов верен следбеник, член, активист и војник, срочи гордо Груби само едне месец пред предвремените парламентарни избори на 8 мај.

Ваков поданички однос, невиден во една партија (можеби освен во СДСМ кон Зев од Таче и Филипче, кои се негов избор), е својствен на организација со хиерархија слична на војска, а имајќи ги предвид корените на ДУИ во УЧК, можеби и разбирливо за„дигање“ на членството кое се „пали“ на Рамбо филмови е некој вака да признае колку тоа безрезервно му е подреден на „Командантот“, како што опкружувањето милува да го нарече претседателот Ахмети.

Не бадијала, очебијно, беше и односот на Ахмети кон Груби и неговото „тинтрање“, та изјавите дека бил чесен и одговорен, па неисклучувањето од партијата, чекањето се до завчера за да се оградат, макар со една реченица од „непослушниот син“. Да, од почетокот на аферата, се’ до оградувањето од Артан беа потребни цели две недели, а сето друго беше замотано во вештачка куртоазија и обланди. Не бадијала, Груби им се удри „од глава“, па мораше да ги разбуди анкетата на МКД.мк, која кусо им соопшти дека веќе не се најголема албанска партија во државата. Грдо будење од еден 22-годишен сон, преполн со тендери, арамилак, нациналистички извољевања, „оком-скоком“ Заевци, Тачевци, очебијно никогаш Филипчевци. Таксират…

Првото откажување беше преку партиски став за 24 вести викендов, кога на прашање дали знаат дали Груби е во Албанија, кусо и срамежливо одговорија дека Груби веќе не е дел од ДУИ.

Соочени со засилениот татнеж на своето членство пред вратите на ВРЕДИ и со поразителниот фект дека имаат рејтинг помал од албанскиот контра-табор, сфатија дека мора да удрат посилно против довчерашниот прв „војник“ на Ахмети, кој сега се трансформираше во партиски „ѓавол“ од кој мора да се откажат, по секоја цена. Редот е тоа да се стори три пати.

Егзорцизмот, или истерувањерто на ѓаволот од ДУИ прв го стартуваше, кој друг ако не Бујар Османи, еден од најблиските (според партиски извори, слики и видеа) побратим на Груби, човек кој милуваше да игра на мали голчиња по канцеларии со него, башка баскет. По истите им „офиси“. Поранешниот министер од владите на Груевски, Заев и Ковачевски, факт кој доволно зборува за приспособливоста и дволичноста на горепосменатиот лик, кој неслучајно беше второто „се откажувам од ѓаволот“ во направијата од Мала Речица:

-Ако ме прашате зошто бегалец, мислам дека згрешил што избегал. Требаше да остане и да се соочи и да си ја каже својата вистина. Партијата не може да сноси одговорност за 34 илјади членови и нивните постапки“, додаде три-екс министерот, „потенцирајќи:-Морам да потенцирам дека постапки на поединци не можат да ја дефинираат цела една партија, стокми Османи во емисијата на „360 степени“, изедначувајќи го со ова својот довчерашен побратим со лепачите на плакати и множејќи го „со нула“.

Очекувањата на експертската јавност се „третото“ и последно откажување од партискиот „ѓавол“, кој сега и носи само лоши поени на партијата и мора да биде дел од јавниот егзорцизам кај интегративците, да го изврши токму врховниот им командант Ахмети, човекот кој според својот лик и дело го создаде Груби, чии први чекори кон партиската слава беа зачнати во пресметките со македонските деца на скопското Кале, тогаш како вработен во холандската амбасада. Молскавичната кариера на истиот се должеше токму на поткрепата од Али, кој според многу извори во партијата, го планираше за сопствен наследник. Чин  кој му го пореметија најпрво американската амбасада и Стејт Департментот, запечатено со кривичната за мега-криминалот во Лотарија на Македонија.

Ќе стави ли Ахмети „крај“ и „точка“  на ултра-соничната карира на Груби? Ќе биде ли тој оној кој конечно и финално ќе го „излизга“ својот довчерашен прв војник?

Веројатно, да, во политиката на ДУИ никогаш немало, нема, ниту ќе има скрупули, интересот е најбитен, велат познавачите. Во овој случај, Груби претставува  само штета за партијата, така шро бранот откажувања од него се подразбира. Исто како она од неговиот „творец“ Ахмети. Тендер-каузата, затскриена со лажен партиотизам  и наводно бдеење над албанските права, е најбитна во прикаската на Мала Речица.

Проблемот е друг. Лежи во фактот што Груби самиот, покрај сиот нарцизам, призна дека е ВОЈНИК на Ахмети и никогаш, ништо не направил ништо без знаење на Командантот. Верен следбеник за чии дејствување Ахмети морал да знае се’, потенцира јавно Груби пред 7 месеци. Класичен политички ТОНЧ. Логиката на ова признание вели дека неговиот гуру, во тој случај, морал да знае и за неделата на Артан Груби. Според зборовите на неговиот ученик, тогаш Ахмети сигурно знаел и за местенката со екс ДУИ функционерот Енвер Беџети, знаел и за Лотарија на Македонија, знае можеби и за  многу други дела. Со таков „воршип“ кон него, ешко дека Артан сето ова му го правел зад грб.

Како и да е, имаме чест да присуствуваме на супресоничен крај на една инстант-политичка кариера. Толку за „ѕвездата“ во редовите на ДУИ, Супернова која по мега-трасокот сега е само една обична Небула…

Класичен пример на онаа народната „Кој високо лета, ниско паѓа“.  А тој пустиот, народот, секогаш да ти бил во право…

Љупчо Цветановски

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелската војска изврши напади врз болници во северна Газа

Следно

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Latest from Blog

Ердоган: Наша единствена цел е да обезбедиме мир, спокојство и стабилност во целиот регион

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека единствена цел на Туркије е да обезбеди мир, спокојство и стабилност во целиот нејзин регион, почнувајќи од Сирија, јавува Анадолу. Говорејќи

Најмалку 24 Палестинци се убиени во синоќешните израелски воздушни напади врз домови и шатори

ГАЗА, Палестина (АА) – Најмалку 24 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз домови и шатори во камповите за раселените во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува

Се јави Љубчо: Предлага Македонија да се вклучи во европската лотарија „Еуро милионс“?!?!

По подолго време, се јави партијата на Љубчо Георгиевски. Веројатно поведени од најновите случувања и следејќи ја инволвираноста во криминал со Лотарија на Македониај на високи функционери од довчерашните коалициони партнери СДСМ

Град Скопје им додели награди на најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител за 2024 година

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар, и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените

ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ ВО ОПЕРАТА ЌЕ СЛАВИ 30 ГОДИНИ СО СОЛИСТИ ОД ШПАНИЈА НА 11 И 13 ЈАНУАРИ

Оперските пејачи од Шпанија Ирене Палазон (сопран) и Хозе Луис Сола (тенор) ќе бидат гости на Василичарскиот концерт на Националната опера и балет (НОБ). Традиционалниот концерт ќе се одржи на 11 и
Go toTop