Ивона Талевска: Телевизија не е магија, телевизија е индустрија

December 24, 2024
2 mins read

Горда е на сѐ што постигнала, без ниту една дамка, пропуст или битна грешка која би влијаела на резултатите од нејзиното работење или на професионалниот углед во јавноста. Ивона Талевска почнала како млад новинар во Канал 5 пред 30 години, а по една година преминала во Сител. По 25 години, во октомври 2024 година, си замина по сопствена иницијатива. Сега е новинар – уредник во информативната програма на ТВ Алфа, а во јануари очекува да се појави со нова емисија – „Бизнис Инсајдер“, од областа на економијата и бизнисот, бидејќи тоа ѝ е и струка и образование.

ЖМ: Новата година е време кога ги поднесуваме сметките и размислуваме што е следно. Дали преминот во Алфа телевизија е најдобриот потег во Вашата професионална кариера во 2024 година?

– Мојата професионална кариера во новинарството е долга и според оценки на јавноста, една од најуспешните во Македонија, за што се доказ рејтинзите, трагата оставена зад себе и стручноста која како човек ја внесувам во својата професија. Почнав како млад новинар во Канал 5 пред 30-тина години, а по една година преминав во Сител каде што бев 25 години, сѐ до октомври 2024 година, кога заминав по сопствена иницијатива. И еве денес сум во ТВ Алфа, од каде што во јануари очекувам да се појавам со нова емисија – „Бизнис Инсајдер“, од областа на економијата и бизнисот, бидејќи тоа ми е и струка и образование. Студирав на Шефилд и тоа знаење стекнато на престижен европски универзтет, не треба да се занемарува, туку треба во новинарската професија да се валоризира. Сметам дека заминувањето од Сител, кој стана токсична атмосфера за моите ментални вредности и стандарди, е половина од мојата најдобра професионална одлука, а втората половина е заминувањето во Алфа ТВ, пред сѐ заради позитивната и креативна атмосфера, која таму ја гледам. Новинар пред сѐ, треба да работи и соработува со луѓе со кои дели слични вредности, а сѐ друго е потоа.

ЖМ: Велат дека телевизјата е магија која ве обзема и не можете да се ослободите. Изминативе осум години комплетно се повлековте од екраните. Тоа беше Ваш избор?

-Телевизија не е магија, телевизија е индустрија. Нема ништо ирационално во производството на вести и информации, туку тоа е професија со јасни задачи за дисциплина, стручност и градење карактер прифатлив за јавноста. Кој мисли поинаку, влегува во ирационална сфера, а тоа веќе не е професија и јавноста не ја интересираат неговите нагони, туку неговиот производ. Што се однесува до Сител, јас до последниот ден имав решение за работно место – заменик одговорен уредник и си заминав од таа позиција. Пред 8 години, не по своја волја, добив усмено барање да не се појавувам на вести, без образложение, но по дополнително сознание дека раководството на Сител преговара со тогашната власт на СДСМ и ДУИ да издејствува поволен статус во истрагите на СЈО (Специјалното Јавно Обвинителство) и јас бев еден од влоговите во нивните калкулации. Толку, за сега.

ЖМ: Сите имаат планови за иднината, но само ретките се држат до нив и успеваат да ги реализираат целосно. Во која категорија на луѓе сте, одите до крај да го реализирате замисленото без разлика на последиците или се откажувате кога наидувате на препреки? Што владее разумот или срцето?

-Како што ви кажав во претходниот одговор, телевизијата е индустрија, медиумска индустрија за информации и забава. Сѐ што сум планирала во својата кариера, сум остварила до крај. А многу нешта и повеќе од своите планови и можам да кажам после три децении поминати во телевизиите, дека сум горда на сѐ што сум постигнала, без ниту една дамка, пропуст или битна грешка која би влијаела на резултатите од моето работење или на мојот професионален углед во јавноста. Нашата работа е постојано изложена пред очите на стотици илјади луѓе и нема многу простор за грешки без последици. И ако сте 30 години постојано во линија на раст, јавноста оценува дека во вашата работа ги нема тие битни грешки, инаку во спротивно би биле отфрлени и заборавени како многумина други. 

Целото интервју со Талевска прочитајте го на Женски магазин

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царината заплени злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

Следно

Израелската војска изврши напади врз болници во северна Газа

Latest from Blog

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот

8,6 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 10.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.177,56 поени. Во однос

Општина Прилеп: Започна собирањето предлози за наградите „3-ти Ноември“

Општина Прилеп започна со прибирање предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и наградата за животно дело, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3 Ноември.
Go toTop