Санацијата доцни, опасноста расте – пола година се чека за изградба на потпорниот ѕид на Детска клиника

December 22, 2024
1 min read

Шприцеви, ракавици и друг разновиден отпад е секојдневната слика за пациентите и посетителите на Детската клиника во Скопје. Шест месеци откако се урна, потпорниот ѕид чека да бидат саниран. Минувачите стравуваат дека може да се до урне и тоа што е останато.

Пред повеќе од месец, Центарот за управување со кризи одржа координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорниот/оградниот ѕид на улица Бeлградска кај Детска клиника“, по што беше заклучено дека Министерството за здравство треба да почне со изградба на потпорниот ѕид.

„Министерството за здравство, согласно решението и заклучокот од градежниот инспектор на Општина Центар да започне со изградба на ограден/потпорен ѕид како привремено решение, а Град Скопје да изработи динамика и да започне активности за изработка на нов сообраќаен проект во координација со СВР Скопје со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила“, велат од ЦУК.

Истовремено при активностите за изградбата на потпорниот ѕид, Град Скопје ќе организира пресадување на дрвјата на трасата на улица Белградска, а за трајно, долгорочно, решавање на проблемот, Град Скопје е потребно, во координација со останатите надлежни институции, да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно, врз основа на којашто би се преземале трајни мерки за изградба на нова улица со потребната каналска мрежа и нејзино асфалтирање.

„Долгорочно, проблемот многу посериозен и поголем. Станува збор за целосно зафаќање на подземните води од Водно, затоа што дел од каналската мрежа изградена во 50-тите години на минатиот век е уништена и затрупана, а дел се одржува, целосно одржување на тој систем во моментов не може да се речи дека имаме“, вели Драги Тарчуговски.

Уште на 10 јуни, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека под улицата Белградска постои систем од шахти и подземни канали чија сопственост не може да се утврди. Не ја собират подземната вода која доаѓа од падините на Водно и избива во самиот ѕид и со тоа дополнително ја нарушува стабилноста на ѕидот, но и на улицата.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар со денови се правдаа и негираа кој е надлежен, а кој не е надлежен. Урнатиот потпорен ѕид претставува опасност не само за пешаците, туку и за безбедно одвивање на сообраќајот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР: Утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег

Следно

ВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop