Ријад Шаќири со сексистички навреди кон Илире Даути: Да беше маж…

December 22, 2024
1 min read

За време на вчерашната расправа на Собраниската комисија за образование, наука и спорт на која се расправаше за Предлог законот за средно образование во второ читање, пратеникот на ВЛЕН Ријад Шаќири ѝ се обрати на пратеничката Илире Даути од ДУИ со сексистички речник, пишува Порталб.мк..

„Илире, внимавај кому му викаш да го исклучи микрофонот, внимавај кому му викаш да го исклучи микрофонот… Илире, не ја злоупотребувај мојата хуманост што те третирам како жена, затоа што да беше маж, поинаку ќе зборувавме. Да беше маж, поинаку ќе зборувавме“, рече Шаќири.

На ваквата изјава реагираа од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кои истата ја оценија за неприфатлива, срамна и заканувачка.

„Ова однесувањее недозволиво и е чист чин на родова дискриминација за која нема место во една институција како што е Собранието. ДУИ веднаш бара оставка од пратеникот Ријад Шаќири. Еден поединец кој демонстрира такво неприфатливо однесување не може да има јавна функција и да води со такви примери на вербално насилство и дискриминација. Ги повикуваме сите надлежни институции итно да реагираат и да се погрижат овој чин строго да се казни“, велат од ДУИ.

Реакцијата на ДУИ од ВЛЕН ја оценија како иронична.

„Ја слушнавме и оваа иронија. Али Ахмети, кој некогаш пцуеше 700 илјади мајки Албанки, сега ја брани родовата еднаквост. ДУИ на Артан Груби, која ја елиминираше конкуренцијата со „ликвидирање“ на жените од партијата, сега се бори за родова еднаквост. Во ДУИ нема родова еднаквост, нема ни почит кон мајките и Албанките. Има само криминал и корупција. Албанките и мајките не се залажуваат затоа што не ги заборавиле навредите што им ги упативте, мајките Албанки имаат добра меморија, долго ќе се сеќаваат на прислушувањата, кога Али Ахмети навредуваше 700 илјади мајки Албанки. Затоа, ќутете, не ни зборувајте за родова еднаквост затоа што не ви личи. Побарајте прошка, покајте се за вашите злогласни дела и реформирајте се“, рекоа од ВЛЕН.

Изјавата на Шаќири како скандалозна и штетна ја оценија и од Центарот за еднакви можности „Молекуќја“.

„Собранието треба да биде пример за цивилизираност, а не спротивното. Изјавата на пратеникот е крајно сексистичка и штетна за општеството бидејќи илустрира еден лош пример кој ги зајакнува родовите стереотипи. Однесувањето кон другите треба да се заснова на почит и еднаквост, без разлика на нивниот пол“, изјавија од „Молекуќја“ за Порталб.мк.

Сексизмот и родовата дискриминација во Северна Македонија се присутни и во законодавниот дом, а жените во политиката во Македонија сè уште се мета на говор на омраза заснован на нивниот пол. Политичката арена е особено брутална и безмилосна кон нив. Во неа „летаат“ навреди, сексизам, објективизација и говор на омраза, со цел да им се отежни политичкото дејствување и тие да се обесхрабрат и деморализираат. Експертите се децидни дека за да се постигне еднаквост потребен е поголем напор.

Преземено од Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

После свадба, тапани: ДУИ се огради од Груби, на ред ли е СДСМ од Филипче?

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop