Водата во чешмите повторно протече: Арсовска вели вработените успеаја во најкраток рок да го санираат проблемот

December 21, 2024
1 min read

По околу 12 часа напорна работа заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод, а водата во чешмите на жителите на поголемиот дел на Скопје повторно протече. Над 160 вработени во Водовод од доцна синоќа по тешката работа што ја имаа цела ноќ и утро при лоши временски услови успеаја да го поправат она што со години не беше направено. На местото на главниот дефект во Карпош 4 на улицата „Никола Парапунов“ напладне привршуваа работите, а таму беше и градоначалничката Данела Арсовска. Таа рече дека во извршувањето на оваа реконструкција биле вклучени голем број вработени на Водовод кои за брзо време завршиле нешто што било проблем со децении.

-Нашите експерти, луѓето, како помошно-технички и машинските инженери, ВКВ водоводџиите кои што работеа на овој проект успеаја навистина во најкраток можен рок да го завршат истиот, затоа што оваа операција опфаќаше не само во моментот работа на терен туку и вадење на оние елементи од самите затворачи носење на истите во јавното претпријатие каде што на соодветна апаратура беа креирани практично нови со кои што беа заменети старите и оваа модернизација е нешто што за прв пат се случува, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Првиот човек на Водовод Тони Милевски објасни што се е направено.

-Се променија 5 воздушни вентили каде што имаше заробен воздух во цевководот за подобрување на водоснабдувањето. Исто така се направија поправка на два затварачи Фи 700 милиметри, еден затварач Фи 600 милиметри и еден затварач Фи 500 милиметри и замена на еден затворач нов комплетно на Фи 400 милиметри каде што децениски проблем имаше во општината Ѓорче каде што имаше намален притисок на вода, изјави директорот на Водовод и канализација, Тони Милевски.

Од Институтот за јавно здравје предупредуваат дека водата не смее веднаш да се пие, а чешмите да се пуштат одредено време да истече водата.

Препорачуваме граѓаните да не ја пијат веднаш водат по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на време на резидуалниот хлор и водата во мрежата тоа е времетп потребно резидуалниот хлор да почне да делува врз микробиомот присутен во водата, во услови на вакви пониски амбиентни температури може да потрае и до 1 час, изјави Марија Андоновска од Институтот за јавно здравје.

Прекинот на водоводната мрежа се случи нешто по 22 часот поради најавениот сложен зафат за санација на централниот цевковод. Поради ова граѓаните беа приморани да складираат вода вода за пиење и за неопходните потреби.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОСТОВСКИ, ЈОЛЕВСКИ, КРЛУКУ И АНТОНОВСКИ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ЈАСМИН“ ЗА НОВИНАРСТВО И ПУБЛИЦИСТИКА

Следно

Ристески: Мерката „Новгодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop