Не пијте веднаш од водата од чешма – ИЈЗ со препораки до скопјани

December 21, 2024
1 min read

По прекинот на водоснабдувањето, Институтот за јавно здравје (IJZ) упатува важни препораки за жителите на Скопје кои повторно ќе добијат вода во мрежата. Поради ризиците од здравствени проблеми, особено по рестартирањето на водоснабдувањето, се советува внимателност:

Не пијте ја водата веднаш – По повторното пуштање на водата, треба да се почека најмалку еден час. Ова е потребно за да се изврши ефектот на резидуалниот хлор, кој се користи за дезинфекција на водата.

Промена во бојата и мирисот на водата – Може да се случи водата да ја промени бојата, да има невообичаен мирис или да биде заматена. Во такви случаи, водата не треба да се пие сè додека не се стабилизираат овие својства (боја, мирис, вкус, заматеност).

Испуштање на сите чешми во домот – По доаѓањето на водата во водоводните цевки, треба да се испуштат сите чешми во домот за неколку минути, па потоа да се провери дали водата е исправна за пиење.

Чистење на мрежичките на чешмите – По испуштање на водата, треба редовно и добро да се исчистат мрежичките на чешмите со средство за чистење или бел оцет.

Доколку пиете вода веднаш, превријте ја – Ако одлучите веднаш да ја пиете водата, препорачува се да ја преврите на кратко (1-2 минути), а потоа да ја разладите пред консумација.

Аерација на превриената вода – Превриената вода може да го изгуби својот вкус, но тоа може да се подобри ако ја претурите неколку пати од една чаша во друга, процес наречен аерација.

Пакувана вода како алтернатива – Во првите часови по повторното пуштање на водата, се препорачува да се користи пакувана вода додека не се добие потврда дека водата е безбедна за консумација.

Вода за капење – По доаѓањето на водата, треба да се зголеми температурата на водата во бојлерите (над 55°C) за дополнителна дезинфекција и да се избегнат потенцијални бактериолошки ризици.

Мерки на внимателност – Важно е да се внимава на температурата на водата за капење, особено кај деца и постари лица, за да не дојде до изгореници.

Скопјани се потсетуваат дека прекинот на водоснабдувањето беше најавен, а целиот процес има за цел да го подобри водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, како и да се решат проблемите со загуби на вода во овие делови од градот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анализа: Груби им се „удри“ од глава на ДУИ, Филипче на СДСМ

Следно

Мемеди: Починатото седуммесечно бебе било во добра здравствена состојба

Latest from Blog

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop