Муцунски: Ваков ден за спортот во Аеродром секој би посакал, МЗТ Скопје вчера испиша историја

February 19, 2023
1 min read

​МЗТ Скопје, вчера покажа дека е вистински спортски бренд со кој сите ние во Аеродром сме горди.

Ваков ден за спортот, како вчерашниот секој би посакал. Историски ден во кој двете екипи на МЗТ Скопје испишаа историја. Женскиот клуб за прв пат го освои трофејот во Купот на Македонија, а машката екипа со победата на Феникс го освои 11-тиот трофеј во Купот на Македонија со што стана најтрофеен клуб во ова домашно натпреварување.

Градоначалникот Муцунски на својот фејсбук профил вчера упати честитка до двата тима на МЗТ и се заблагодари на публиката, навивачите и поддржувачите на МЗТ.

„Ваква вечер за спортот во Аеродром секој би посакал. Ова е историски ден за МЗТ Скопје во кој двете екипи-машката и женската го достигнаа врвот и испишаа историја“,  напиша Муцунски на својата фејсбук страна.

Од општината Аеродром велат дека се горди што МЗТ Скопје уште еднаш покажа дека е најдобриот кошаркарски клуб во Македонија.

„Со силна поддршка на навивачите и публиката, одиме понатаму во остварување на нови меѓународните и домашни успеси. Честитки до кошаркарите од двете екипи и голема благодарност до нив за посветеноста, пожртвуваноста и личниот придонес кој го даваат за МЗТ Скопје и за промоција и развој на спортот во Аеродром“, додаваат тие во денешното соопштение. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РОМАНИЈА ДВА ПАТИ СЕ СТРЕСЕ – два земјотреса за три минути

Следно

Шарени балони лебдат над рушевините во Турција – од причината ќе роните солзи (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Илинден“-Тирана: Одлуката за мигрантски центри во Пустец ги крши правата на Македонците

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на

Општина Прилеп: Интензивна акција за чистење на Градската река

Комуналните работници интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот, од отпадоци донесени со последните врнежи, но и од отпад што, како што информираат надлежните, е несовесно исфрлан

Меџити: Се работи со висок интензитет за старт на булеварот „Цветан Димов“

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека изградбата на булеварот „Цветан Димов“ веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека процесот ќе продолжи без одложувања. Според Меџити, се работи
Go toTop