Движењето ЗНАМ почна да ја дели Националната платформа, прва на списокот партијата од Белата палата, ВМРО-ДПМНЕ

December 20, 2024
1 min read

Движењето ЗНАМ на својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, му ја достави „Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“. Од ЗНАМ најавуваат иста ваква постапка ќе има со другите политички партии. Платформата се состои од девет точки со кои се очекува да се постигне национален консензус околу клучните работи, и на внатрешен, и на надворешен план. Од ЗНАМ, очекуваат Платформата да биде прифатена и од владиниот албански коалициски партнер Вреди, бидејќи ‘Македонија е заедничка држава’. За евентуалната поддршка од „Европски фронт“, од ЗНАМ велат дека ќе направат се, за да се постигне тоа.

„Платформата на рака му ја доставуваме нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе се запознат со содржината, а потоа ние сме подготвени да разговараме и да ги објаснуваме позициите што се содржани во нашата понудена национална платформа. Ќе си дадеме време. Ќе разговараме и подаваме рака на сите, бидејќи ова е навистина многу важен државнички чекор. Националната платформа е натпартиски, надетнички, над сите можни нивоа важна како чекор. Македонија прво треба национално внатрешно да се обедини за да зајакне нејзината меѓународна позиција“, рече Весна Бендевска, од ЗНАМ.

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, пред неколку денови ја најави Националната платформа, чија цел, како што рече ‘е да ги обедини сите политички фактори за да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Република Македонија за остварување на нашата стратешка цел – полноправното членство во Европската Унија’.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одлуката за одлагање на отпад од повеќе општини во Кочани е донесена и потпишана од Владата на Зоран Заев (ДОКУМЕНТИ)

Следно

Полемика во Битола: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања за злоупотреби и криминал

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop