Мисајловски – Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност

December 20, 2024
1 min read

„Македонската Армија ќе го продолжи својот придонес во мисијата на НАТО на Косово, КФОР зашто на тој начин се зацврстува безбедноста и стабилноста во регионот. Тоа е исклучително значајно во овој период на нестабилност и нарушена глобална безбедност“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски на средбата со командантот на КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани, реализирана денеска (20 декември) во Министерството.

Министерство за одбрана

Мисајловски изрази задоволство што сите македонски контингенти кои биле дел од КФОР имаат одлична соработка со командата, како и со припадниците на останатите земји чии припадници се дел од оваа мисија. „Заеднички даваме придонес во одржувањето на безбедноста на Косово, но и секојдневно учиме едни за други, ја развиваме интероперабилноста и покажуваме дека сојузниците сакаат Балканот да остане мирен, стабилен и безбеден“, додаде министерот.

Министерство за одбрана

Мисајловски се осврна и на македонскиот придонес во колективната одбрана на НАТО – учеството во мултинационалните сили на Алијансата во Романија, Бугарија и Латвија, како и придонесот кон ЕУ операцијата АЛТЕА во БиХ и мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ.

Генералот Бардуани на средбата се заблагодари за придонесот на нашата држава во рамките на мисијата КФОР, што, рече, е во функција на мирот и стабилноста во регионот.

Мисијата на НАТО на Косово, КФОР, датира од 1999 година во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во моментов во оваа мисија во која партиципираат 29 нации, учествуваат и 70 припадници на македонската Армија. Дополнително, со отворањето на Координативниот центар за поддршка од земја-домаќин во 2005 година, нашата држава обезбедува и постојана логистичка поддршка на оваа НАТО-мисија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши процесот на стручни расправи за измените на Законот за Судски совет

Следно

Владата потклекна пред Вреди и го повлече Законот за средно обеазование

Latest from Blog

Екс капитенот на Хајдук ќе игра за Гремио

Филип Кровиновиќ, еден од капитените на Хајдук до неодамна ќе игра во шампионатот на Бразил, за легендарниот тим на Гремио. Изненадувачкиот трансфер одекна како бомба во јавноста во Хрватска, затоа што реално

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната

Милошоски побара поддршка од Шпанија за деблокада на евроинтеграциите

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања, предводени од претседателот Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос. Како што соопшти собраниската

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави
Go toTop