Американски медиуми: Претставничка на Стејт департментот патува во Дамаск

December 19, 2024
1 min read

Заменичка на државниот потсекретар на американскиот Стејт департмент за блискоисточни прашања, Барбара Лиф, се очекува да го посети Дамаск, главниот град на Сирија, во наредните денови, објавија американските медиуми, пренесува Анадолу.

Лиф наредните денови се очекува да отпатува за Дамаск, објави американскиот портал „Аксиос“.

Во веста се наведува дека посетата на Лиф го претставува почетниот дел од дипломатскиот ангажман на САД со преодната влада во Сирија по соборувањето на режимот на Асад.

Авторот на веста се повикал на двајца неименувани американски функционери, но не се дадени дополнителни детали за посетата на Лиф.

Лиф ќе биде првиот американски официјален претставник што ќе го посети Дамаск по 8 декември, кога беше соборен режимот на Баас во Сирија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно изјави дека ги следат досегашните позитивни пораки од Хајат Тахрир eл-Шам, и дека сакаат да видат конкретни чекори, и доколку тоа се случи, би можеле да испратат американски претставници во Сирија за директни преговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ: Препораки од ИЈЗ за граѓаните во контекст на најавениот прекин на вода

Следно

Почина фудбалската легенда Петко Петков-Шеки

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop