Бајден доаѓа во Европа во пресрет на годишнината од руската агресија врз Украина

February 19, 2023
1 min read

Претседателот на САД, Џо Бајден, заминува за Европа во мисија која треба да биде знак на пркос во пресрет на годишнината на нападот на Русија врз Украина. Се очекува дека американскиот претседател ќе прати јасна порака – Вашингтон останува со Киев до крајот на војната. Европската турнеја на Бајден доаѓа во критичен момент – се најавува нова руска офанзива, а западните сојузници, кои ја поддржуваат Украина, мака мачат да испорачаат доволно оружје и муниција кое секојдневно на фронтот е троши во огромни количини.

Бајден утре заминува за Полска каде ќе се сретне со првите луѓе на државата, но и со другите клучни лидери на НАТО членки. Американските функционери веруваат дека одбраната на Украина е критична фаза зашто Русија се подготвува за нова пролетна офанзива. Украинците ги добиваат сите разузнавачки информации и сугестиите од Белата куќа се, како што пренесуваат американските медуми, да се подготват за силна одбрана, па дури и за контранапад.

Украински војници се распоредуваат на фронтот

Доаѓањето на Бајден во Полска е во прсерт на 24 февруари, денот кога ќе се одбележи годишнината од почетокот на војната. Се очекува дека рускиот претседател Путин ќе го искористи овој момент за нова манифестација на сила, иако и тоа е под знак прашалник поради лошите перформанси на неговата во армија во изминатите 12 месеци.

Но, и покрај успесите на Киев, Русија сè уште контролира речиси 20 отсто од Украина и конфликтот прерасна во брутална војна на трошење ресурси, луѓе, муниција. Иако рускиот план за брза победа не се оствари, западните аналитичари стравуваат дека и во ваква ситуација, шансите се сепак на страната на Русија која има повеќе луѓе, повеќе оружје и повеќе време.

Од друга страна, Украина и покрај огромната помош од САД и Европа, сега се соочува со сериозен недостаток на муниција кој навреме не може да го пополнат ниту фабриките на земјите членки на НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу и Блинкен во Хатај, во подрачјето погодено од земјотресот

Следно

Мицкоски: Корупцијата во владата на ДУИ поддржана од СДСМ има епидемични големини, од 2015 до сега состојбата е двојно влошена

Latest from Blog

Албанската полиција во мај уапсила 625 криминалци и запленила 415 илјади евра

Албанската државна полиција објави дека само во текот на месец мај биле финализирани 99 полициски операции, од кои 34 од меѓународен карактер. „Уапсени се 625 лица осомничени за кривични дела, додека запленети

ЦУК и АРМ во координирана спасувачка акција кај Ливадичко Езеро – извлечено лице кое паднало во бездна

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеше спасувачката акција за

„Македонија се оддалечува од ЕУ“, вели Јотова

Македонија се оддалечува од патот кон Европската унија, оцени бугарската потпретседателка Илијана Јотова, реагирајќи на последните случувања во Европскиот парламент поврзани со извештајот за напредокот на земјава. Таа ги оцени како „скандалозни“

Гневот и револтот на родителите на загинатите во Кочани биле со политичка заднина, тврди Владата

Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска
Go toTop