Студентите може да останат без бесплатен превоз?! – ФИО предлага олеснување во плаќањето за јавниот транспорт

December 19, 2024
1 min read

Форумот за измени во образованието предложи олеснување во плаќањето за јавниот превоз за студентите кои патуваат од други градови. Предлагаат две опции според словенечкиот модел.

„Прво е дека билетот има околу 10 патувања во текот на месецот и ќе чини околу 1.150 денари, додека другата опција е дека со околу 2.150 денари студентите ќе имаат можност да патуваат во текот на месецот колку што сакаат низ градот каде студираат и градот во кој живеат“, вели Бленди Ходаи.

Претседателот на Студентското собрание на УКИМ рече дека ќе протестираат доколку од идната година не важат автобуските билети кои студентите ги користат во Скопје за патување со автобусите за урбан превоз.

Заменик министерот за образование, Љуљзим Алиу рече дека новиот закон за средно образование предвидува решение и за превозот.

„Како што знаете, во обработка и во завршна фаза е изработката на законот за високо образование, законот за студентски и студентски стандард, во кој ќе бидат опфатени и средствата за превоз“, вели Љуљзим Алиу.

Инаку, пред 3 месеци, на прашањето дали МОН ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот превоз на ученици во износ од 8 милиони евра, министерката Весна Јаневска рече дека фактурите се пристигнати, но нема правна основа за тоа Министерството да плати бидејќи нема договор или владина одлука.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Скопјани едвај дишат, а градоначалникот на Кисела Вода дели огревно дрво

Следно

Нови 118 случаи на грип во Македонија

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop