„Мириса на дома” – Кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста

December 19, 2024
1 min read

Македонската традиција е многу повеќе од наследство – тоа е срцето на нашата култура, вредности кои се пренесуваат од колено на колено.

Со кампањата „Мириса на дома”, Халкбанк ги поттикнува сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад традиционалните рецепти и приказните на кои тие се темелат.

Овој проект ја слави македонската култура и ги истакнува силните врски меѓу уметноста и храната. Кампањата е интегрирана преку видео материјалите под наслов #МирисаНаДома, кои ја доловуваат топлината на домашната трпеза и ги пренесуваат емоциите што ги носи секој оброк како симбол на љубов, споделување и традиција.

 

Во рамки на кампањата, Халкбанк ја промовира и книгата  „Патување низ гастрономското наследство“  која е вистинско уметничко и културно остварување. Ова е книга што го претставува македонското гастрономско наследство како едно големо уметничко дело, кое зборува за нашата историја, традиција и култура. Книгата содржи повеќе од педесет рецепти од сите региони на Македонија, рецепти кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација. За секој рецепт се направени оригинални илустрации создадени од пет реномирани македонски уметници, кои беа вклучени во овој проект, создавајќи уникатна визуелна приказна за секое јадење.

Кампањата е заокружена и со настан организиран од страна на банката, во традиционален амбиент, создавајќи неверојатна синергија помеѓу звукот на традицијата доловен преку музичката изведба на Дуке Бојаџиев и пријателите, вкусот и визуелните уметности, пренесувајќи многу емоции и неверојатно доживување на присутните.

Оваа година, преку македонската традиционална храна, се враќаме назад во времето, каде што секој оброк носи приказни за нашата историја и култура. Со кампањата „Мириса на дома“, продолжуваме да ја славиме македонската традиција, поттикнувајќи ги сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад секој рецепт, кој е наследство пренесувано низ генерации. “  изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

„Мириса на дома“ е дел од кампањата „Трајни културни вредности“ која трета година по ред ги слави богатствата на македонската култура и традиција, иницијатива на Халкбанк АД Скопје. Оваа кампања продолжува да ја истакнува уникатноста на нашето наследство преку уметност, храна и музика.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Центар за три години го зголеми буџетот за култура од 3 на 13 милиони денари

Следно

Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите

Latest from Blog

ВЛЕН: Македонија се поврзува со енергетските системи на регионот

Северна Македонија и официјално стана дел од вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим

ГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ – Русија го нападна седиштето на украинското разузнавање

Седиштето на украинската разузнавачка агенција СБУ беше погодено во руски напад со беспилотни летала, при што се издигнаа облаци од црн чад во воздухот во срцето на Киев, пренесува Гардијан. Претседателот на Украина,

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“
Go toTop