Судија го отфрли обидот на Трамп да ја поништи пресудата за поткуп

December 17, 2024
1 min read

Пресудата против Доналд Трамп за фалсификување досиеја за прикривање сексуален скандал останува на сила, пресуди синоќа судијата Хуан Мерчан, отфрлајќи го аргументот на новоизбраниот американски претседател дека неодамнешната одлука на Врховниот суд ја поништила пресудата, јавија американските медиуми.

Адвокатите на Трамп тврдеа дека постоењето на случајот за време на неговото претседателствување ќе се меша во неговата способност да владее. Неговата пресуда првично беше закажана за 26 ноември, но Мерчан ја одложи на неодредено време откако Трамп ја победи демократската противкандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември.

Во судската одлука се наведува дека „многу личните дејствија на Трамп за фалсификување деловни документи не претставуваат ризик за навлегување во авторитетот и функцијата на извршната власт“.

Адвокатот на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, кој го покрена случајот, рече дека има помали мерки од поништувањето на пресудата на поротата што може да ја ублажи загриженоста на Трамп дека кривичното дело ќе се меша во неговата способност да служи како претседател.

Случајот произлезе од исплата на 130.000 долари од поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс. Износот и бил платен пред изборите во 2016 година за да не зборува за сексуална средба со Трамп за која рече дека ја имала една деценија порано, што тој го негира.

Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги за да ги прикрие плаќањата. Тоа беше првпат некој американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.

Трамп се изјасни за невин.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжуваат одличните резултати на македонските боксери, нови златни одличја сега во Ниш

Следно

ЕУ-Западен Балкан: Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија од суштинско значење за проширувањето

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop