„О2 иницијатива“ со предлози до Арсовска и советниците против аерозагадувањето во Скопје

December 16, 2024
1 min read

Во контекст на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето во Скопје, Здружението за истражување, едукација и креирање еко политики „О2 иницијатива“ предложи серија мерки кои треба да бидат усвоени од советниците и градоначалничката Данела Арсовска. Целта на овие одлуки е значително намалување на аерозагадувањето и постигнување на законски зададени граници, кои за краток период ќе бидат двојно или повеќе пати пониски од сегашните, согласно новата ЕУ Директива за квалитетот на амбиентниот воздух.

Од иницијативата посочуваат дека проблемот со загадувањето има повеќе извори, меѓу кои согорувањето на дрва, нафта и мазут за греење, како и сообраќајот. Според студија направена во 2021 година, согорувањето на дрва и дрвна маса во зимските месеци е одговорно за 50-60% од загадувањето на воздухот, додека сообраќајот и индустријата имаат значителен удел. Во летните месеци, пак, голем дел од загадувањето се должи на прашина од градежни активности.

Од „О2 иницијатива“ предлагаат седум клучни одлуки:

Забрана за користење на нафта, мазут, јаглен и други загадувачи за греење – Оваа мера ќе се имплементира во фази, со тоа што домаќинствата ќе имаат рок до 2026 година за премин кон поеколошки извори на енергија, како што се пелети, гас или топлински пумпи.

Филтри за согорување на дрва – Домаќинствата и индустриите кои користат дрва за греење ќе бидат обврзани да постават филтри, што ќе започне да се применува во 2027 и 2029 година во урбаните и руралните делови на Скопје.

Зелената налепница за возилата – Од октомври 2026 година ќе се дозволува сообраќај само на возила од прва еколошка категорија во денови со висока загаденост на воздухот.

Забрана за користење на мазут и други енергентни материјали во индустријата – Мерката ќе се применува од 2030 година, а компаниите ќе имаат можност да аплицираат за субвенции.

Видео надзор на палењето на отпад и прашината во градот – Поставување на систем за 24-часовен мониторинг кој ќе помогне во забележување и санкционирање на илегалните палења.

Бесплатно собирање на органски отпад и компостирање – Од 2026 година се планира да започне повторно организирано собирање на органски отпад и производство на органско ѓубриво.

Мониторинг на градежните работи – Компаниите кои изведуваат поголеми градежни проекти ќе бидат обврзани да инсталираат постојан мониторинг на прашината околу градилиштата.

Со овие мерки се очекува значително намалување на загадувањето и побрзо усогласување со европските стандарди. Од „О2 иницијатива“ апелираат до советниците и градоначалничката да покажат зрелост и да ги усвојат овие одлуки, што ќе биде од најголема важност за здравјето на граѓаните и идните генерации.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До четврток стабилно и релативно топло време, од петок дожд и снег

Следно

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ МУДРИ И ПАМЕТНИ ДА АПЛИЦИРАМЕ ВО УНЕСКО И ЗА ЗАШТИТА НА КАВАЛОТ, РЕЧЕ МУЗИЧАРОТ ДАУТОВСКИ

Latest from Blog

3 ВИДОВИ ВЕЖБИ КОИ ГИ ЛЕКУВААТ ТЕЛОТО И УМОТ ОД СТРЕС: Во рок од 10 минути тренинг сите ваши грижи ќе исчезнат!

Постојат неколку физички активности кои многу брзо ќе ве ослободат од стрес. Трчање Ова е најлесниот и најевтиниот начин да се ослободите од стресот. Трчајте колку што мислите дека е доволно, а

Ристески: Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите, а 12 пати кај непосредните жртви на активни пушачи

Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари, а двојно помалку, 12 пати почест кај пасивните пушачи, односно непосредните жртви на активните пушачи, изјави Милан Ристески за МИА,

Проодни државните патишта, механизацијата на „Македонија пат“ ангажирана 24/7

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се апелира на зголемена внимателност при управување со возилата.

Зимската служба на терен во Битола, улиците се расчистуваат од рано утрово

Механизацијата на јавното претпријатие „Нискоградба“ од утрово ги расчистува улиците низ градот по врнежите од снег кои започнаа рано утрово. На терен е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорите
Go toTop