Хеди Рамковски бил екстрадиран уште во јули, во моментов е во Шутка и повторно му се суди

December 15, 2024
1 min read

Хеди Рамковски, кој избега од државата веднаш откако се отвори истрагата за случајот „Пајажина“, бил екстрадиран пред половина година и бил во затворот „Скопје“ во Шутка.

Директорот на затворот „Скопје“ за „Слободен печат“ потврдил дека Рамковски е во затвор и дека се уште е во тек повторениот судски процес за него.

Тој бил екстрадиран уште во јули, но ваквата информација не беше јавно споделена.

Судскиот процес во кој беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ во Скопје за затајување на данок, перење на пари и злосторничко здружување финишираше во 2012 година.

Таткото на Хеди, Велија Рамковски тогаш беше осуден на 13 години затвор, но поради здравствени проблеми на крајот на 2017 година беше пуштен на лекување.

Хеди Рамковски беше осуден на седум години затвор во отсуство, но сега има право на повторување на судскиот процес. Тој бил спроведен во притворскиот затвор Шутка од затвор во Грција, каде што се криел од македонските правосудни органи, но бил приведен за друго дело.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски: ЗНАМ го поддржува премиерот дека Македонија не може да прави веќе отстапки на патот кон ЕУ

Следно

Универзитетите во Солун и Скопје го кршат мразот, грчките студенти ги пречекаа гостите од УКИМ со песна против национализмите

Latest from Blog

ВЛЕН: Македонија се поврзува со енергетските системи на регионот

Северна Македонија и официјално стана дел од вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим

ГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ – Русија го нападна седиштето на украинското разузнавање

Седиштето на украинската разузнавачка агенција СБУ беше погодено во руски напад со беспилотни летала, при што се издигнаа облаци од црн чад во воздухот во срцето на Киев, пренесува Гардијан. Претседателот на Украина,

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“
Go toTop