Димитриевски: ЗНАМ го поддржува премиерот дека Македонија не може да прави веќе отстапки на патот кон ЕУ

December 15, 2024
2 mins read

Лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски е на иста линија со премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија нема да прави повеќе отстапки на патот за членство во Европската унија, затоа што досега направила отстапки како ниту една друга држава во ЕУ. За ова прашање, вели тој, премиерот има целосна поддршка од ЗНАМ.

– Џабе ми е мене како Македонец било какво членство во меѓунбародна организација ако јас не се чуствувам во тој момент ништо помалку од Македонец. Секој Македонец кој ќе биде соочен со ова прашање во текот на евроинтегративниот процес ќе ви каже не, доколку треба да се погази нашиот идентитет, култура и континуитет, рече Димитриевски во одговор на новинарско прашање по прославата на едногодишнината од формирањето на ЗНАМ.

Во врска со информациите дека министерката за надворешни и европски работи на Словенија, рекла оти Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер кој предвидува дека во претпристапниот процес на Европската унија нема можност за вето или блокада поради билатерални прашања, Димитриевски рече дека поддржува вакви и слични иницијативи кои ќе се вратат на основите на формирањето на Унијата.

– Поддржувам силно вакви иницијативи. Всушност таквите барања се во духот на Шуман и Моне како елементарна матрица за основање на ЕУ бидејќи тоа е идејата на Унијата да се заштитат помалите во однос на поголемите. За жал во моментов согласно поставеноста и постоечките правила во ЕУ секогаш поголемите ги користат моментите како членки на ЕУ да ги решат билатералните прашања. Нашето прашање со Бугарија е отворено и наметнато од една страна, тоа е нивната страна и во континуитет негациите доаѓаат оттаму, рече Димитриевски.

Тој додаде дека во моментот на прифаќање на таканаречениот француски предлог земјава де факто разговара и преговара со ЕУ.

-Сметам дека не може еден таков систем како Унијата кој треба да ги штити интересите на малите да преговара за еден билатерален спор. Мора да се вратиме назад или да замижиме и да продолжиме напред, но да ги зачуваме нашите национални интереси, рече Димитриевски.

Во врска со Националната платформа за македонско национално единство што ќе ја претстави утре и ќе ја понуди на сите политички парии тој истакна дека очекува сите да ја разгледаат и прифатат во целост до сите бидејќи, како што рече, таа ќе биде добра за сите кои живеат во државата.

-На Македонецот ваквата иницијатива ќе му овозможи да не се чуствува како граѓанин од втор ред, бидејќи македонскиот народ де факто ја создаде Македонија заедно со останатите делови од народи кои живеат на овие простири, како што во Уставот се нарекуваат етнички заедници, рече Димитриевски.

Не очекува дестабилизација на државата, иако, како што нагласи, има обиди пред се поради тоа што ДУИ не може да се соочи со реалноста дека не е составен дел на мнозинството.

-За мене ова е разбирливо се игра со политичкиот простор и со граѓаните на национални теми. За нас Охридскиот рамковен договор е во целост исцрпен и реализиран и тука нема што повеќе да се дискутира, рече тој и додаде дека како држава не може и не смее да бидеме заложници на старите навики за континуирана дестабилизација во моменти кога некој политички субјект не е задоволен каде е позициониран.

Смета дека во однос на ова прашање и кој политички субјект колку има доверба и како е позиционирана ќе биде уште појасно по претстојните локални избори.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Уапсени четири лица во Струга и Гостивар, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија

Следно

Хеди Рамковски бил екстрадиран уште во јули, во моментов е во Шутка и повторно му се суди

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се
Go toTop