Драма на Попова Шапка: Шест скијачи изгубени во магла и снег спасени навреме

December 15, 2024
1 min read

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена пријава дека на Попова шапка шест (6) лица се изгубиле, не можеле да се ориентираат и побарале помош, велат од ЦУК.

Конкретно, со скии-лифт се качиле горе на скијачките патеки и кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла, а и поради снегот што бил нов и немало изгазена патека од други скијачи тие не можеле да се ориентираат за правец за спуштање.

Согласно ситуацијата скијачите се јавиле за помош на 112.

Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лицето вработено на ски-лифтот пронашло пет (5) од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашло и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, а потоа безбедно се вратиле во нивните домови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од две недели Скопје губи питка вода поради дефект на цевка во Карпош 4

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, се укинува забраната за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар – Стража

Latest from Blog

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос
Go toTop