Војна во Газа: Децата во Хан Јунис наставата ја следат на локалните гробишта

December 14, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) 

Учителите и учителките во Газа и покрај многу тешките воени услови, и понатака на различни начини се обидуваат да изведуваат настава за да можат учениците барем донекаде да го продолжат своето образование и учење, известува Анадолу.

Палестинските учителки во Хан Јунис се обидуваат, онолку колку што тоа го дозволуваат околностите, да им пренесат знаење на децата во мала и трошна зграда на локалните гробишта бидејќи не успеале да најдат побезбедно и посоодветно место за предавање.

И покрај многу ограничените и тешки услови во Газа, учителите сакаат нивните ученици да не бидат лишени од образование, со надеж дека еден ден повторно ќе следат настава во обновените училишта кои беа уништени во израелските напади.

– Настава на гробишта

Многу деца често доаѓаат на локалните гробишта со нивниот учител и одржуваат настава, практично покрај гробовите.

Раселените семејства во Хан Јунис побараа засолниште во близина на гробиштата, па нивните деца продолжуваат барем со некаков облик на школување со помош на наставници-волонтери во многу тешки услови.

И покрај тоа што ситуацијата во Газа е многу тешка и опасна затоа што израелската армија секојдневно извршува напади, учениците доаѓаат на часови со ранци, обидувајќи се барем малку да заборават на ужасите на војната.

Многу често, придружувани од учителките, пеат песни и играат игри со надеж дека еден ден ќе можат повторно да дојдат во ново училиште без страв од израелски напади.

Повеќе од 650.000 палестински деца пропуштаат уште една година на образование, истовремено соочувајќи се со трауми, глад и губење на најблиските.

– Војна за геноцид

Во октомври 2023 година, Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа, во која досега се убиени повеќе од 44.800 Палестинци, главно жени и деца.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски од Карбинци: Започна доградбата на детската градинка „Кокичиња“ со капацитет за згрижување на 50 дечиња

Следно

Интензивната сириска дипломатија на турскиот претседател Ердоган

Latest from Blog

Иран воведува нов режим на контрола во Ормускиот теснец

Овој систем вклучува владини договори, строга проверка на бродовите и во некои случаи наплата на „такси“ за безбеден премин, додека глобалните енергетски текови се нарушени поради регионалниот конфликт. Во еден од инцидентите

Димитровски: Советот за етика утврди прекршување на професионалните стандарди од ТЕРА ТВ

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, соопшти дека Советот за етика во медиумите на Македонија утврдил прекршување на професионалните и етичките стандарди во текстот објавен на веб-страницата на ТЕРА ТВ со наслов

Димитровски: Тенденциозниот текст на ТЕРА ТВ ги прекршил етичките правила

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, соопшти дека Советот за етика во медиумите на Македонија утврдил прекршување на професионалните и етичките стандарди во текстот објавен на веб-страницата на ТЕРА ТВ со наслов

ВЛЕН: „Колку подолго ДУИ се во опозиција, толку подобро за Албанците“

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“. Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека
Go toTop