Петрушевски: Фарсата којашто ДУИ ја прави не е дека се залагаат за правата на Албанците туку сакаат само да го одвлечат вниманието на јавноста

December 13, 2024
2 mins read

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, кој дебатираше на повеќе актуелни теми, од кои фокусот го стави на иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, со што наведе дека одлуката што ќе ја донесе Уставниот суд ќе се почитува затоа што тоа е одлика на секое демократско општество.

-Она што ќе биде одлука на уставниот суд ќе биде конечно и одлука и за ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно ќе ја почитува која и да биде таа одлука, треба како политички субјекти да се научиме дека одлуките на Уставниот суд се почитуваат и тоа е основната премиса во едно демократско општество. Добро е што напоменавте дека законот за употреба на јазиците не е нешто што се донело сега туку е нешто коешто егзистира функционира во Република Македонија долго време а она што треба да го знаеме сите и што треба да се истакне е дека е гарантирана со уставот и тоа е највисок правен акт во една држава и какви сакаме закони можеме да носиме и да укинуваме или да успоруваме употребата на албанскиот јазик е дефинирана во уставот, изјави Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски истакна и дека Законот за употреба на јазиците функционира во државата долго време и употребата на албанскиот јазик е дефинирана во Уставот, смета дека ДУИ константно лажно се повикуваат, и ако веќе сакаат да кажат дека нешто е нападнато треба да кажат дека е нападнат Уставот на Република Македонија а не Рамковниот договор, којшто е веќе преточен во Уставот.

-Она коешто ДУИ ќе кажам лажно се повикува некако цело време некаков Рамковен договор бил ставен на удар или на тест е во најмала рака е да се изразам по културно е симптоматично кога доаѓа од ДУИ, затоа што до пред само некоја година кога беа на власт имаме еден милион изјави каде што високи челници на ДУИ вклучително и нивниот лидер Али Ахмети изјавуваа дека рамковниот договор е преточен во Уставот на Република Македонија, зошто јас исто се сложувам дека е така и со тоа наместо да се повикуваат на договор којшто е преточен во Устав како политички субјект во Република Македонија треба да се повикуваат на Уставот ако веќе сакаат да кажат дека нешто е нападнато, рече Петрушевски.

Во дебатната емисија тој исто така образложи дека сè што прави ДУИ во последно време не е поради тоа што ги засегаат правата на Албанците, туку причината за тоа драматизирање има друга основа, односно да се одвлече вниманието од јавноста и за да си ги прикријат корупциските скандали, и смета дека тие како политички субјект треба да си ги преиспитаат одлуките.

-Меѓутоа се оваа фарса којашто се прави од ДУИ не е за да се заштитат некакви права на Албанците затоа што не се ниту чепнати правата на Албанците ова е само за да се одвлече вниманието од корупциските скандали и обрачот којшто се стега околу високите функционерите на ДУИ за периодот додека биле на власт, сите сме сведоци на тие скандали овој период. Значи тоа е само начин да се одвлечат од вниманието на јавноста ниту ги интересираат правата на Албанците ниту она што го говореа дека ќе имало некакви протести не се случија знаете зошто не се случија затоа што не им дојде народ затоа што народот ги прочита и не ги поддржа, вели Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зајкова: Злонамерната иницијатива за моја смена веќе е отстранета

Следно

Се крие ли зад записниците на Судскиот совет, „Сваровски судството“ на Мицкоски?

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop