Мајка, која ги загуби двата сина и сопругот во земјотресот во Туркије, трага по својата ќерка

February 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Мајка која ги загуби двата сина и сопругот во минатонеделните земјотреси во јужна Туркије, сега ја бара својата 21-годишна ќерка, јавува Анадолу.

Лекувањето на 37-годишната Чигдем Ѓулер, која беше повредена во земјотресите што ја погодија Антакија во областа Хатај, продолжува во болницата во Истанбул.

Ѓулер тагува за загубата на нејзиниот сопруг и синовите, но се прашува за судбината на нејзината ќерка Невин, која лежела на психијатриската поликлиника при државната болница во Антакија кога се случија земјотресите.

„Нејзиното име не се наоѓа меѓу оние кои се спасени од урнатините на болницата што се сруши“, изјави Ѓулер за Анадолу.

Таа рече дека останала под урнатините речиси 40 часа. „Не ја изгубив свеста додека бев под урнатините. Не можев да дишам. Фала му на Бога, спасена сум, но сум повредена. Но, срцето ме боли повеќе. Единствената желба ми е ќерка ми да се најде жива. Ве молам помогнете, таа е мојата единствена надеж“, рече таа.

Според последните податоци, најмалку 40.642 луѓе ги загубија животите, а над 108.000 се повредени во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во Кахраманмараш, погодија над 13 милиони луѓе во 11 турски области – Адана, Адијаман, Кахраманмараш, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти за победата на Осасуна: Важно беше да ги освоиме бодовите за да останеме во трка за титулата

Следно

Американскиот државен секретар Блинкен во Минхен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop