Унеско: На Охрид му треба контролирана градба, конзервација и правилно управување со регионот

December 13, 2024
1 min read

Правилното менаџирање и одржувањето на баланс помеѓу зачувувањето на културното добро и развојот на туризмот е клучот за одржување на статусот Унеско сметаат странските експерти.

Порачуваат дека на Охрид му треба квалитетен и одржлив, а не масовен туризам кој веќе прави проблеми на повеќе фронтови.

„Многу е тешко да се управува со природно и културно наследство од овој калибар но правилното управување е клучната работа.Имате прекрасен град, езеро, светско наследство и природа и сето тоа мора да се изменаџира и во соработка со друга држава што дополнително го усложува процесот.Видете туризмот е добра работа. Туризмот мора да расте и е одлична работа која ја подобрува економијата и финансискиот развој на градот, но истотака за финансиска корист може многу едноставно да излезе од рамките на дозволеното. Затоа мора да се запазат стандардите, стандардите на градба, конзервирањето, контрола мора да постои.Фокусот мора да биде ставен на одржлив туризам бидејќи масовниот веќе прави проблеми.” Рајан Епик археолог,конзерватор.

Од домашната научна фела велат мора час побргу се што е напишано на хартија да се иплеменитира во пракса. Плановите и препораките од канцеларија да се изнесат на терен. Особено во делот на градењето.

Инаку следната година во јули, Унеско повторно ќе го разгледува статусот на Охридскиот регион какво светско и културно наследство врз база на извештаите од последната реактивна мисија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: Стабилноста на Сирија и борбата против тероризмот се врвни приоритети за Туркије и САД

Следно

Курти од Загреб ги поддржа протестите на српските студенти

Latest from Blog

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop