Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Белгија

December 13, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Белгија, со седиште во Софија, Пол Ламберт.

На церемонијата на предавање на акредитивите претседателката Сиљановска Давкова порача дека Белгија е голем пријател и искрен сојузник во процесот на македонската евроинтеграција и дека во 30-годишната историја на дипломатски односи, двете земји успеваат да изградат динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области.

„Белгија, како една од земјите основачи на Европската Унија беше и останува силен промотор на нашите евроинтеграциски процеси. Заслужуваме почеток на пристапните преговори без натамошно одложување. Владата и јас остануваме целосно посветени на реформите поврзани со евроинтеграцијата. Овој процес треба да се спроведе во согласност со копенхагенските критериуми. Ако реинтеграцијата во Европа не се дебилатерилизира, штетен преседан ќе се повтори и во случајот на другите држави од регионот“, истакна претседателката во поздравното обраќање.

Потенцирајќи дека македонскиот народ ги негува истите вредности како и Белгијците, Претседателката изрази очекување амбасадорот да даде сопствен придонес кон нашата евеоинтеграција.

„Немаме сомнежи дека нашите белгиски пријатели ќе ни помогнат да станеме дел од европското семејство, чин што ќе отвори ново поглавје во нашата историја, ќе донесе нова енергија кај македонските институции и граѓани, ќе подигне нов бран на посветено себевложување за европската идеја“,  истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Посочувајќи дека Белгија е наш значаен трговски партнер, претседателката Сиљановска Давкова изрази интерес и подготвеност за интензивирање и продлабочување на заедничката соработка во сите области од заемен интерес, а пред сè, на економски план.

Амбасадорот Ламберт во своето обраќање, нотирајќи го тридеценискиот континуитет на билатерални односи што се градат врз заеднички вредности и заложби, истакна дека Белгија ја препознава важната улога што нашата земја, како членка на НАТО, ја игра за глобалната безбедност и стабилност на регионот.

„Вашата земја е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во врска со руската воена агресија врз Украина, со што испраќа силен сигнал за својот стратешки избор – ЕУ и се потврдува како доверлив партнер. Вие постојано ја докажувате вашата политичка посветеност на евроинтеграцијата, како и амбицијата за одење напред во преговорите“, истакна амбасадорот Ламберт.

Потенцирајќи ги придобивките од слободната трговија, тој ја изрази својата поддршка на белгиско-македонскиот бизнис клуб, основан во август 2023 година, што се стреми да создаде поволна средина за долгорочен економски раст, отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард и ја истакна заинтересираноста на белгиските компании за нашата земја.

Во својот говор тој го нотираше задоволството од грижата на нашата земја за интересите на малата белгиска заедница, како и нејзиниот придонес во развојот на билатералните односи.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасасорот му посака успешно извршување на дипломатската мисија и изрази уверување дека ќе се ангажира во зајакнувањето на пријателските односи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Архиви на невидливите“ ги враќа вредностите на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија

Следно

Средба Јанев – Васиљевиќ: Ги дефинираме контурите на идната меѓусебна стратешка и оперативна полициска соработка

Latest from Blog

Се шири првата снимка од бруталниот ирански напад – Трамп се огласи: „ДОСТА Е“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека американската војска е во состојба на готовност откако Иран лансираше ракети кон Израел и го повика Иран да ги запре нападите и да се врати

Жалбата за притворот на Богоев сè уште не стигнала до Кривичниот совет

Жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за 30-дневен притвор сè уште не е стигната до Кривичниот совет, бидејќи претходно се чека мислење од надлежниот обвинител,

Во САД почнаа со гафовите: Ја погрешија химната на Аргентина!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Крајно необична ситуација го одбележа пријателскиот натпревар на аргентинската репрезентација против Хондурас, одигран во Тексас, откако организаторите направија сериозен пропуст. Додека играчите на двата тима беа наредени на теренот на стадионот

Видео: Трамп јава лав?!

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека
Go toTop