Кулеба го брани барањето за касетни бомби, Столтенберг против

February 19, 2023
1 min read

Имајќи предвид дека Украина не е потписник на Конвенцијата за забрана за употреба, „правно, нема пречка“ за користење на ова оружје, рече министерот за надворешни работи на Украина на безбедносната конференција во Минхен

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во саботата во Минхен го бранеше повикот за употреба на касетна муниција против руските војници бидејќи Украина не е потписник на Конвенцијата за забрана на употреба на такво оружје, но таквиот повик беше отфрлен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Дмитро Кулеба во Минхен, фото: EPA-EFE/JOHANNES SIMON / POOL

На маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Кулеба го коментираше повикот на украинскиот вицепремиер Олександар Кубраков за снабдување на Украина со касетна муниција и запалива фосфорна муниција, оружје забрането според меѓународното право.

Ниту Украина, ниту Русија ја имаат потпишано Конвенцијата за забрана на употреба на касетна муниција.

„Имајќи предвид дека Украина не е потписник на договорот, ‘правно, нема пречка’ за користење на ова оружје“, изјави Кулеба, а пренесува агенцијата ДПА. Доколку Украина добие оружје што е спорно, тоа ќе се користи исклучиво против вооружените сили на Руската Федерација, додаде тој.

Украина има докази дека Русија користи касетна муниција, рече Кулеба.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го отфрли барањето за касетна муниција.

„НАТО ниту препорачува, ниту испорачува ваков тип оружје. Доставуваме артилериска и друг вид муниција и оружје, но не и касетни бомби“, изјави Столтенберг за РТЛ/нтв на конференцијата во Минхен.

Столтенберг повтори дека испораката на оружје од западните земји во Украина нема да предизвика ескалација на војната.

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, во саботата на конференцијата во Минхен првпат ја обвини Русија дека извршила „злосторства против човештвото“ во Украина, за што се собрани и попишани повеќе од 30 000 случаи. Стортелите „ќе одговараат пред суд“, порача таа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов силен земјотрес регистриран во централниот дел на Турција

Следно

Обид за обљуба на малолетничка во Кисела Вода

Latest from Blog

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор
Go toTop