Унгарската компанија 4iG поднела документи до АЕК за влез на македонскиот пазар

December 12, 2024
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека унгарската компанија 4iG и официјално изразила интерес за влез на македонскиот пазар што, вели, ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори во земјава и намалување на цените за мобилни услуги.

-Унгарската компанија денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес за трет мобилен оператор. Сега веќе АЕК треба да ја води постапката и се надевам дека ќе оди во правилна насока и дека конечно овој дуопол кој што го имаме на пазарот на два оператори, кои што буквално ги цицаат македонските граѓани ќе биде разбиен и ќе може да имаме трет оператор кој што ќе понуди услуги за помалку пари, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски вечерва во емисијата „Само Интервју”.

Тој потенцираше дека секоја друга компанија може да конкурира, а целта е да се обезбедат поевтини услуги за граѓаните.

Николоски образложи дека ваквата одлука следи откако мобилните оператори во земјава не направиле ништо во изминатите четири месеци да ги подобрат условите.

-Ниту ги намалија цените, ниту ги подобрија услугите, ниту го почитуваат законот, истакна Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновски: Не е точно дека балансерот е укинат!

Следно

Унгарскиот премиер Орбан ја оцени неговата посета на Анкара

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop