Каранфилова -Пановска: Преку отворени и инклузивни процеси СДСМ ја зголемува внатрешната демократија

December 12, 2024
2 mins read

Еден од трите столба, во мерењето на индексот на транспарентност е внатрепартиската демократија, аспект кој е многу важен, затоа што внатрепартиската демократија резултира со степенот на демократизација на партиите и рефлектира како како тие партии се однесуваат кон граѓаните и кон јавноста, генерално и кога се опозиција, но и кога се на власт. Дилемата што ја наметнува истражувањето, е дека партиите генерално се порасположени да бидат демократични кога се во опозиција, отколку кога се на власт, рече заменичка претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска на денешната панел-дискусија за транспарентност на политичките партии.

Каранфилова Пановска се осврна на внатрепартиската демократија во СДСМ, велејќи дека доколку сега би се направиле истражувањата и мерењата, би имале малку поинакви резултати од овие кои се направени во време кога СДСМ ги загуби изборите.

„Во ноември 2024 се одржа долгоочекуваниот конгрес на СДСМ на кој беа избрани извршните и централните тела на партијата. Веќе е распишан Отворен повик за самокандидирање на претседатели на општински организации и за претседател на град Скопје. Со оглед на тоа дека лидерот на СДСМ беше избран од директни, внатрепартиски избори, а после следеше период од неколкумесечно негово консолидирање за да може да настапи со стратегија околу тоа како да се воспостави понатамошното раководство. И во тој контекст највисокиот орган на партијата, конгресот, одржа седница на 27 ноември. На последниот 30. конгрес на СДСМ каде бев избрана како заменик-претседател на партијата, функција каде се водеше сметка за родовиот баланс, што е покажа дека СДСМ не само што има свесност и приоритет за родовата еднаквост, туку тоа го демонстрира и во пракса“, рече Каранфилова Пановска.

Таа на панел дискусијата се осврна и на фактот дека при изборот на раководството и членовите, се водеше многу сметка за неколку принципи, а тоа принципот дека процесот треба да се одвива отворено и инклузивно, зад сите овие именувања, луѓето кои се дојдени на различни позиции, се избрани со широк консензус во рамки на самата партија. Вториот принцип беше мултиетничноста која се зголемува.

„Што ќе правиме за да демократизацијата добие вистинска смисла во контекст на истражувањето, тоа е целосна комуникација меѓу централната и општинските организации. Ова ново раководство на СДСМ, е со план и идеа дека ќе воспостават сериозни линии на комуникации меѓу централното раководство и новите раководства кои треба да се случат на ниво на општинските организации. Со предлог партиската програма, ќе организираме средби со сите граѓани и поддржувачи за да го видиме нивниот придонес и идеите со што СДСМ треба да се занимава во наредни 4 години. Како демонстрирање на демократија и демократичност, СДСМ ќе оди во насока и на интегрирање на младите и жените кои се во фокусот, покрај мултиетничноста“, рече заменик претседателката на СДСМ, Каранфилова-Пановска.

Во делот на финансиска транспарентност и достапност до јавноста, резултатите од мерењето во 2024 година остануваат речиси идентични како и во 2023 година. СДСМ има разработени процедури за финансиско работење и редовно доставува извештаи до надлежните државни органи. На интернет страницата на СДСМ се објавени сите финансиски извештаи, како и извештаите од последните парламентарни и локални избори.

Во столбот достапност до јавноста, СДСМ покажува добри резултати идентично како и во мерењето спроведено во 2023 година. Ова се должи пред сè на сеопфатната партиска комуникациска стратегија, диверзификацијата на канали за комуникација (ФБ, Инстаграм, Твитер, Јутјуб итн.), како и официјална интернет страница богата со информации и новости.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Никој не е наивен да влегува во играта на Бугарија на бескрајни условувања и вета, нашата надеж е фер однос

Следно

Костадиновски: Не е точно дека балансерот е укинат!

Latest from Blog

Божјата рака ги води: Овие 4 знаци влегуваат во Новата година со невидена заштита, грижите исчезнуваат, доаѓа чудо и целосен благослов

Конечно можат да воздивнат со олеснување! Овие 4 знаци ги оставаат сите свои тешки грижи зад себе – Божјата рака ги води во година полна со невидена среќа. Сите сме имале тешки

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,32%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 8 до 12 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 237 трансакции со вкупен

Балканските нарко-кланови преговарале и ШУРУВАЛЕ СО ЕСКОБАР УШТЕ ПРЕД 3 ДЕЦЕНИИ?

Денес, Европа е преполна со кокаин, а количините што пристигнуваат од сите страни ги надминуваат дури и оние на американскиот пазар, благодарение на балканските криминални кланови. Експертите тврдат дека тоа било под

Балканските нарко-кланови преговарале и ШУРУВАЛЕ СО ЕСКОБАР УШТЕ ПРЕД 3 ДЕЦЕНИИ?

Денес, Европа е преполна со кокаин, а количините што пристигнуваат од сите страни ги надминуваат дури и оние на американскиот пазар, благодарение на балканските криминални кланови. Експертите тврдат дека тоа било под
Go toTop