„Митот за Ахмети се сруши со ставањето на Груби на црната листа на САД“

December 12, 2024
1 min read

Во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна три столба за митот за Ахмети на кој што тој се држел, но пропадна за само неколку месеци во опозиција.

-Првиот беше дека е чесен, со последните случувања во последните година и пол, две, и скандалите кои што главно јавноста ги извади, но и ВМРО-ДПМНЕ тој мит падна. Вториот мит беше дека прави што прави, секогаш е во Влада, еве не е, нагласи Николоски и додаде дека ги лажел неговите членови дека за три или шест месеци ќе влезат во Влада, па ќе имало избори локални со парламентарни, но видовме дека ништо од тоа не се случи.

-Третиот мит кој што веќе од вчера се руши е дека прави што прави, ги штити своите луѓе. После она што го напиша Артан Груби вчера, јасно е дека и тој мит ќе се сруши. Така да, трите столба на кој што ја градеше својата политика, ако сакате и митот кој го изгради околу себе, паѓаат, појасни Николоски.

Тој додаде дека однесувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е целосно неодговорно.

-Многу е лесно да градите мит за некого, кога не се нафаќа на извршна власт. Каков е тој политичар, кој што оди на избори, како прв, и после тоа не се нафаќа на извршна власт, пушта други таму, а тој седи во собрание и во Мала Речица. Извинете, ама тоа е неодговорно однесување, заклучи Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полиција влезе во Судски совет по налог на ОЈО

Следно

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму кај и да чепнат ќе најдат криминал

Latest from Blog

Пријателски: Брегот на Слоновата Коска ја шокира Франција, Шпанија – Ирак 1:1!

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ И вечерва се одиграа неколку пријателски натпревари во пресрет на стартот на СП, сепак во преден план беше дуелот во Нант меѓу Франција и Брегот на Слоновата Коска. Овој меч во

Писмо од Зеленски за преговори, а ова е БРЗИОТ ОДГОВОР ОД МОСКВА

Рускиот претседател Владимир Путин денес, по писмото од украинскиот претседател Зеленски кој предлага мировни договори и прекин на војната на сегашната линија на фронтот,  веднаш даде изјава дека Русија е подготвена и

Нападнати здравствени работници во Конго среде епидемија на ебола- украле тело на починат

Жителите нападнаа тим за безбеден погреб во покраината Јужен Киву во Демократска Република Конго оваа недела, принудувајќи ги здравствените работници да го остават ковчегот зад себе, предизвикувајќи страв од понатамошно ширење на
Go toTop