АНАЛИЗА: Фројд проработе кај Ахмети, а СДСМ пред две недели се огради од Груби?!

December 12, 2024
2 mins read

Дали соочен со резилот кој на партијата и го приреди неговата довчерашна „десна рака“ Груби, Али Ахмети се отвори, прашуваат познавачите на состојбите. Во тој контекст, понесен од идејата да го „испере“ и обели ликот и неделото на поцрнетиот соработник, првиот човек на ДУИ призна нешто што цела Македонија го знаеше, но не е на одмет некој и да го потврди.

Фројдовиот комплекс ја изнесе на виделина позицијата на Артан Груби во владата на Заев и онаа на Ковачевсаки, каде пред да стане ПРВА СОЛЗА на Црната листа на САД, беше ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР на Зоран и Димитар. Влада која не неправи ништо за Македонија и Македонците, но исполни се’ што ДУИ посака. „Оком-скоком“, велат познавачите, Влада која наликуваше на желботека на Ахмети и врхушката на ДУИ. Се сеќавате дека најчестата сентенца беше токму онаа дека  „ДУИ ја води оваа влада.“

Ахмети вчера, „перејќи“ го Груби, можеби и несакајќи го потврди токму тоа.

На новинарско прашањее – доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети изјави дека Груби бил совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.

– Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ, рече Ахмети.

Токму така – „Личност која четири години ја водела Владата на Република Македонија“, призна Ахмети за улогата на Артан во владите на Заев и Ковачевски. Нешто што се гледаше од авион и за што јасно говореа потезите на социјалдемократските марионети, Влада во која Груби и Османи палеа и гасеа, поддржани од сивата еминеција Ахмети.

Можеби и не така случајно, Заев и Ковачевски наеднаш ги снема од радарот во изминатиот период, а нивната СДСМ се огради од ДУИ. Прво Филипче апансас и „ничим изазваним“ по формирањето на „новото раководство“ на партијата во говорот (каков немало од времето на Црвенковски, пофали Спасов) констатираше преголема сервилност на претходниот состав кон ДУИ, за да веќе следниот ден Лукаревска ги прогласи СДСМ за колатерална штета на „фудбалчето и баскетот по канцеларии“.

Знаете кој беше авторот на овие мечеви и во чие министерство се одиграа натпреварите, нели? Ни помалку ни повеќе, резилот преполн со аздис се одигра токму во Министерството за политички систем на Артан Груби.

Познавачите на состојбите велат дека „случајности“ не постојат, најмалку во политиката. Ги толкуваат како момент во кој не се гледа раката на кукларот кој ги движи марионетите на сцената.

Ја отвораат темата и „Зошто Заев, Ковачевски и Филипче исчезнаа од јавноста пред и по објавата за Груби на Црна листа на САД?“, и во контекст на главната дилема „КОЈ Е СЛЕДНИОТ НА ЦРНА ЛИСТА НА САД?“, логично прашуваат дали некој предвреме подготвува терен за нечие повлекување од јавност, по теркот на екс првиот вицепремиер, кој всушност, според признанието на Ахмети, 4 години бил премиер?

Сите се сложни дека следува „интересен“ период во македонската политика…

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Регистрирани два земјотреса во околината на Призрен

Следно

Сиљановска Давкова и амбасадорите на ЕУ на работен ручек разговарале за креативни решенија за забрзување на евроинтеграциите

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop