Коцевски: Премиерот дава политички изјави, не може јавнообвинителска одлука да се заснова само на извештај од ДЗР

December 11, 2024
1 min read

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, на денешниот брифинг со новинарите, ги отфрли обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски, дека институции како МВР, УЈП, финансиската полиција и други, поднесувале стотици пријави до ЈО за сторен криминал во државните институции, но дека Обвинителството не реагира. Според Коцевски обвинителството постапува по сите кривични пријави што ги поднесуваат надлежните органи.

„Тоа е политичка изјава. Дали се стотици пријави, повеќе или помалку од сто, бројката конкретно не можам да ја посочам, меѓутоа можам да кажам дека досега сите извештаи и кривични пријави што ни се доставени од надлежните органи се заведени и по нив се постапува. И Државниот завод за ревизија достави ревизорски извештаи каде евентуално постои сомнеж или индиции за некакво кривично дело и од страна на ЈО се преземаат дејствија по сите до еден извештаи. Соработката ни е одлични и очекуваме наскоро и исход на тие постапки. Но, ревизорски извештај е една работа, а истрага е друго и не може јавнообвинителска одлука да се заснова само на извештај од ДЗР. И сите останати известувања, пријави и поднесоци за евентуални злоупотреби, се заведени во ЈО и се постапува“, рече Коцевски.

Според Коцевски, институтот „допрен глас“ е посебен и ЈО постапува тогаш кога има елементи на кривично дело.

„ЈО два пати постапуваше по допрен глас во Клиничкиот центар, за компресорите и за исклучувањето на фрижидерот со реагенсите, затоа што ЈО се сомневаше за евентуално кривично дело тероризам или саботажа и веднаш постапи. ЈО по допрен глас не може да постапува по секоја информација од медиуми или од партии“, рече Коцевски.

„Премиерот Мицкоски на почетокот на мандатот кажа дека има дупка во државниот буџет од 200 милиони евра. Јас како државен обвинител, со ОЈО Скопје и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ангажиравме двајца обвинители и истражители кои отидоа до Министерството за финансии. За да се истражи тврдењето за дупката во буџетот, ЈО треба да ги земе сите компјутери во Министерството, за да ги собере сите докази, но тогаш државата не може да функционира. Обвинителите ѝ објаснија на министерката за финансии за институтот допрен глас и ѝ беше укажано на кој начин ние може да постапиме. Не е возможно ЈО да постапи по секој допрен глас“, рече обвинителот Коцевски.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицевски: За ДУИ сега Уставниот суд е параполитички орган, а сите актуелни 9 уставни судии се избрани во време на владеењето на ДУИ и СДС

Следно

ДЕБИТО НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ САНДЕНС

Latest from Blog

Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите
Go toTop