Студентите во Србија ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите и блокадите

December 11, 2024
1 min read

Студентите од четири универзитетски центри во Србија и неделава ја продолжуваат блокадата на факултетите и ректорските управи со поддршка од професорите и ректорските колегиуми, како и со поддршка од граѓанското општество.

Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите и блокадите.

Бранот студентски протести во Србија беше поттикнат од насилството врз учесниците на комеморативните собири за 15-те жртвите, кои настрадаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Студентите на универзитетите во Белград и во Нови Сад од 2 декември ги блокираат зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од белградскиот Факултет за драмски уметности беа нападнати за време на комеморативниот собир. На блокадата се придружија и студентите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.

Според студентски активисти, најмалку 40 факултети во сите четири универзитетски центри – во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш се во постојана блокада.

На протестот на студентите од Правниот факултет и четири технички факултети во Белград денеска се приклучија и адвокати. Адвокатската комора на Србија денеска прогласи прекин на работата.

Адвокатите протестираат поради незаконскиот начин на донесување и усвојувањето на закони без соодветно учество на адвокатурата, и селективното гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, но и селективното гонење на учесниците на протестот бидејќи полицијата апси активисти, а ги игнорира провокаторите кои се обидуваат да ги спречат протестите.

Студентите во Србија добија поддршка и од студентите од повеќе факултети во регионот. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија под блокада се над 40 факултети

Следно

СКОПСКИОТ АКВАДУКТ ЌЕ СЕ РЕСТАВРИРА СО ГРАНТ ОД 205.000 ДОЛАРИ ОД АМБАСАДОРСКИОТ ФОНД НА САД

Latest from Blog

Ана Бекута исвиркана и гаѓана со снежни топки на концерт во Чачак: Имате ли мајки, срам да ви е! (ВИДЕО)

На концертот на Ана Бекута организиран синоќа по повод Српската Нова Година во Чачак, се случи инцидент, кога неколку собраните блокадисти фрлаа снежни топки кон пејачката, објави Информер. @crnahronikaofficial Ana Bekuta sinoć

Трамп: Сакам да победам во Иран, ми се допаѓа да победувам

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ доколку иранските власти почнат да ги бесат антивладините демонстранти оваа недела. „Ќе преземеме многу силни мерки. Ако сторат нешто такво,
Go toTop