ОД ТРИ КИЛОМЕТРИ БИ ПОЗНАЛА ДЕКА ОВА Е ДЕЛО НА ЧЕМЕРСКИ, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР ЗА РЕСТАВРИРАНИОТ СПОМЕНИК НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

December 11, 2024
1 min read

И од три километри далечина би познала дека ова е дело на Чемерски, кажа американската амбасадорка Анџела П. Агелер на претставувањето на реставрираниот монументален Споменик на слободата во Кочани. Споменикот од 2022 се реставрираше со американски грант од 254.300 долари преку Амбасадорскиот фонд на САД за зачувување на културата. Грантот го доби Општина Кочани од Амбасадата на САД во Скопје. Ова е прва поддршка од овој фонд за реставрација на споменик од современата македонска уметност што ја чествува и борбата против фашизмот.

„Ги паметам приказните со колку љубов се градел и дека жителите на Кочани помагале”, кажа Елена Чемерска (во средина), ќерката на Глигор Чемерски (Фото: СДК.МК)

Споменикот е изграден на ридот Локубија на северозападната страна на градот. Уметничко-архитектонското решение е на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ. Граден е во периодот 1975-1977 од Општина Кочани, а целосно е завршен во 1981.

„Многу сум возбудена. Сега откако е реставриран, на овој споменик не може ништо да му се случи. Ги паметам приказните со колку љубов се градел и дека жителите на Кочани помагале носејќи материјали”, кажа уметницата Елена Чемерска, ќерката на Глигор Чемерски.

Споменикот од 2022 се реставрираше со американски грант од 254.300 долари (Фото: СДК.МК)

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, рече дека се надева оти ова место ќе биде собиралиште на кочанчани и на луѓето од цела Македонија. Министерот за култура Зоран Љутков рече дека во буџетскиот план на Владата за 2025 има предвидени средства за реставрација на објекти од културното наследство, но помошта од партнери како Амбасадата на САД е секогаш добредојдена.

„Огромна привилегија е што сме дел од овој проект. Македонија има и друго вредно културно наследство, како Свети Спас, Чифте амам и Стоби, но овој објект е најмодерен”, додаде амбасадорката Агелер.

Споменикот се нарекува и Тврдина или Храм на слободата и е од огромно значење за поновата македонска уметност. На комплексот со отворени бетонски ѕидни конструкции се аплицирани 335 квадратни метри мозаични прикази на историската борба на македонскиот народ за слобода, од Илинденскиот период до НОБ.

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот на САД, во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК при посетата на 20 мај годинава, рече дека секогаш бараат можности да ја истакнат борбата за демократија и да застанат во согласност со демократските вредности, па, ќе ги разгледаат и можностите и за поддршка за реставрација на многуте споменици кои ја чествуваат борбата на македонскиот народ против фашизмот во Втората светска војна.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ахмети: Господинот Груби има право на жалба

Следно

Црно-белите фотографии на Емилија Трајковска на изложба во Битола

Latest from Blog

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го
Go toTop