Столтенберг предупредува на колебањето околу испораката на оружје за Украина

February 18, 2023
1 min read

Западот треба да избегне преголема претпазливост при испораката на оружје за Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупредувајќи на страшни последици доколку Русија победи во речиси едногодишната војна.

– Некои се загрижени дека нашата поддршка за Украина претставува ризик кој може да предизвика ескалација, рече шефот на воената алијанса на панел дискусија за време на тридневната Минхенска безбедносна конференција.

Тој истакна дека најголемиот ризик од сите е ако Путин победи, бидејќи тоа ќе го направи светот поопасен, а Западот поранлив. -Тогаш пораката до него и до другите авторитарни лидери ќе биде дека можат да употребат сила за да го добијат она што го сакаат, додаде тој.

-Затоа сојузниците на Украина мора да ѝ го дадат она што и треба за да победи и да преовлада како суверена независна нација во Европа, рече тој, нагласувајќи ја својата претпазливост: „Да бидам јасен, нема опции без ризик“.

Столтенберг ја наведе Кина како конкретен пример за потребата од одвраќање, велејќи дека внимателно го следи исходот на војната: „Ако Путин победи во Украина, тоа ќе влијае на одлуките и калкулациите што Пекинг ги прави во нивниот дел од светот. Значи, се работи за нашата глобална безбедност“.

Шефот на НАТО не посочи дека неговите забелешки биле насочени кон конкретни западни лидери. Во моментов, главната дискусија е дали испораката на западни борбени авиони во Украина може да претставува неразумен ризик од ескалација.

Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, меѓу другите, досега го отфрлија таквиот чекор. Сепак, земјите, вклучувајќи ги Британија и Полска се отворени за тој потег, пренесува ДПА.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Полски МИГ-ови за Украина, само ако и Америка се вклучи

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ нема мандат да разговара за нешто што не е одобрено од граѓаните

Latest from Blog

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop