Заврши претресот по Дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година

December 10, 2024
1 min read

Собранието попладнево на пленарна седница го заврши претресот по дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година. Според најавите, седницата треба да продолжи во 17:45 минути. Согласно проекциите, вкупните приходи во буџетот за 2025 година се планирани на ниво од 358,8 милијарди, додека расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, додека планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата посочија дека буџетот е нереален, неразвоен, недомаќински и предизборен, а оние од владејачкото мнозинство истакнаа дека е развоен и оти ќе овозможи подобра иднина и подобар живот за сите граѓани.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека економскиот раст наредната година ќе биде 3,7 проценти. Тоа, како што кажа, го базираат на третиот квартал од оваа година во кој има раст на БДП од три проценти.

– Четвртиот квартал ќе го завршиме со уште поголем економски раст, а ефектот ќе го видиме во првиот квартал од наредната година кога на сите ќе им стане јасно дека со почнувањето на имплементацијaта на капиталните инвестиции, со покачувањето на платите, со подобрувањето на бизнис климата, ќе отидеме зошто и не над овој раст којшто сметаме дека ќе го оствариме, рече Стојаноски.

Владата, како што кажа, потпишала договори со десет директни странски инвестиции кои во првите шест месеци од идната година ќе започнат со сопствена работа и изградба на нивните капацитети. Најави дека во текот на декември ќе бидат потпишани договори со уште две дополнителни странски директни инвестиции.

– Дефицитот ќе биде 41,4 милијарди денари и замислете на буџет којшто е повисок од 2024 година ќе биде помал за 3,3 милијарди денари. Приходите во буџетот ќе изнесуваат 5,8 милијарди евра или ќе има зголемување за 16 проценти. Тоа ќе се обезбеди преку регуларно плаќање данок за што сведочат и претходните пет месеци во кои приходите од даноци се покачија од 20 до 40 отсто. Така ќе продолжиме и во наредната година и од таму ќе имаме повисоки приходи во буџетот, рече Стојаноски.

Јованка Тренчевска од СДСМ истакна дека власта не прифатила ниту еден амандман од СДСМ иако, како што кажа, имало и такви кои вредело да се прифатат. Оцени дека буџетот е нереален, неразвоен, недомаќински и предизборен со кој се предвидува нереален раст од 3,7 проценти.

– За жал, имаме власт која е суетна и нема демократски капацитет и покажува извонредна ароганција и со лажен ПР во изминатите месеци сака да ги убеди граѓаните дека е најдобра. Имаме власт која и после шест месеци не може да сфати дека не е во опозиција, рече Тренчевска.

Во буџетот за 2025 година, како што кажа, Владата крати кај сите активности насочени кон социјалните услуги и борбата против семејното насилство.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ прави план за враќање на бегалците во Сирија

Следно

23 лица проневериле 6,5 мил. eвра од РЕК Битола – ОЈО: Меѓусебно се договарале да го изиграат тендерот за јаглен

Latest from Blog

Син на поранешен функционер повикан во полиција поради оддавање на службена тајна

Денеска бил приведен син на поранешен екс функционер, јавува репортерот на ТВ21. Според информациите, лицето било приведено поради кривично дело „Оддавање службена тајна“, но потоа веднаш било пуштено на слобода. ТВ21 дознава

Најдобриот спортист на Балканот ќе биде прогласен во јануари

Бугарската агенција – БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија. ТОП-10 спортисти на

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште. Ова се дел од настаните кои го одбележаа денот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Најголемиот

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – Втор протестен марш за загаден воздух

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – гласеше една од паролите на протестот против аерозагаденоста. Присутните побараа институциите да не ги подготвуваат мерките зад затворени врати. „Се уште одложуваат да
Go toTop