Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

December 10, 2024
1 min read

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во значајна корупција. Поради нивните напори да се мешаат и да го нарушат функционирањето на судството, со оваа одлука, тие и нивните непосредни членови на семејствата добиваат забрана за влез во САД.

Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, на денешната прес-конференција во врска со новите лица од Северна Македонија кои се најдоа на американската таканаречена „црна листа“ – Груби и Беџети.

Тие што го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот, треба да разберат дека корупцијата носи последици, изјави Агелер.

„Дополнителни санкции исто така се разгледуваат во Вашингтон. Се надевам дека оваа акција јасно покажува дека САД можат и ќе ги искористат сите алатки на располагање за да ги повикаат на одговорност оние чии криминални активности ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на владеењето во Северна Македонија“, рече Агелер.

Амбасадорката на САД во земјава изрази надеж дека судските и правосудните структури во Северна Македонија ќе ги повикаат корумпираните актери на одговорност.

Одби да ги коментира деталите за назначувањето на Груби и Беџети на „црната листа“, но рече дека САД имаат цврсти докази за нивна вмешаност во корупција.

„Доказите што Вашингтон ги разгледуваше, што ги собравме и тука во оваа земја и во Вашингтон, беа лесно достапни…Ако ние можеме да ги собереме тие докази, тогаш можат и тие [македонските институции]“, рече Агелер.

Американската амбасадорка Агелер кажа дека синоќа и утрово разговарале со премиерот Христијан Мицкоски за новите назначувања на листата.

На новинарско прашање за коментарите на Мицкоски дека домашни политички актери подготвуваат дестабилизација на државата, Агелер рече дека не сака да верува оти некој е способен да ја дестабилизира сопствената држава.

Во врска со „црната листа“, амбасадорката на САД кажа дека истата не е затворена и дека очекува на неа да се најдат и други имиња.

Извор: Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Митева: Владата донесе одлука – нема да има зголемување на платите на функционерите

Следно

ВО ЖИВО: „Што ви дишат децата“ – Протест за чист воздух

Latest from Blog

СДСМ открива нов скандал во МВР: Милионски тендер за возачки испити завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите  за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, откри

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на

Слободна Палестина и Смрт за ИДФ (израелската армија) скандираа раперот Боб Вилан и публиката на фестивалот Гластонбери

СКОПЈЕ (АА) – Би-Би-Си објави предупредување на екранот кога раперот Боб Вилан ги предводеше скандирањата „Слободна Палестина“ и „Смрт за ИДФ“ на фестивалот Гластонбери што се одржува во Сомерсет, Велика Британија, известува

Затвореник од Идризово крадел во Куманово за време на викенд отсуство, кај него била пронајдена и дрога

На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и
Go toTop