Османи: Се јавуваат Македонци за да не прашаат „како се враќаат зомбите од минатото“

December 9, 2024
1 min read

Портпаролот на ДУИ, Бујаро Османи од седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во тетовска Мала Речица порача дека сите политички лидери од албанските опозициски партии ќе ја поддржат „Стражата на јазикот“. Тој рече дека независно, од тоа дали некој е Албанец, или Македонец, мора да им се каже’стоп на овие зомби од минатото кои сакаат да вратат зла крв помеѓу граѓаните и тоа откако макотрпно со голема инвестиција на меѓународната заедница, изградивме општество на кое ни завидуваат другите’.

„Се јавуваат бројни Македонци коишто велат што, кој, ова лудило, како се враќаат зомбите од минатото за да го демонтираат тоа што постигнавме 20 години и создадовме пример на функционална мултиетничка Северна Македонија. Да се вратат теми кои сметавме дека се завршени. Оваа кауза не е на ДУИ, ниту на „Европскиот фронт“, туку на сите луѓе со добра волја за оваа држава“, рече Османи.

Според Османи, власта сака да го укине последниот столб на Рамковниот договор, – јазикот.Тој појасни дека „Стражата на јазикот“ е „стражата на разумот“, однсоно „чуварите на мултиетничка Северна Македонија“, рече Османи.

Османи ја обвини Владата за дестабилизација и рече дека доказ за тоа е што се поставени луѓе кои се експозитура на југословенската политика.

„Времето за ваквите одлуки е поминато, граѓаните независно Албанци, Македонци нема да дозволат и ќе ги изолираат. Тоа е пораката која што веројатно ќе ја пренесеме и денес. Владата од прв ден се обидува да ја дестабилизира, прво најавува, цело време подготвува амбиент.  Потоа ги предизвикува граѓаните во најсветите прашања за етничкиот идентитет, јазикот, волјата.  Меѓутоа, ние нема да дозволиме да се дестабилизира. Ние сме тие кои што во моментот сме чувари на стабилноста. Ние сме тие кои што сме чувари на мултиетничка Македонија наспроти овие зомби од минатото кои сакаат да не вратат 20 години наназад и да ги вратат темите коишто сметавме дека ги оставивме назад. Јас бев тој кој што работеше за македонскиот јазик да биде официјален во Европската унија. Успеавме во тоа денеска некој антиподи на таквата политика во којашто се помагаме еден со друг, се солидаризираме, се поддржуваме еден со друг, сакаат да го киднапираат мирот, да ни ја киднапираат стабилноста. Нема да дозволиме, затоа што во ова сме сплотени сите независно од етничка и партиска припадност“, рече Османи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва за Сирија ќе заседава Советот за безбедност на ООН

Следно

„ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ОДИЈАР ОСВОИ 10 НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУС

Latest from Blog

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe
Go toTop