Отворено писмо на Сотир Костов до Апасиев (втор  дел): Професоре, кочете малку!

December 9, 2024
4 mins read

Доста со кавги, навреди, пцовки и недолично однесување

 Професоре Апасиев денес, вториот дел од писмото го започнувам со една поучна метафора. Во уметноста постои една слика наречена “Фудбалери”. Истата ќе ја искористиме за нашите размислувања за практицирањето(правилно, благодорно, морално) на политиката. Никој на посочената слика не може да ја пронајде фудбалската топка. Но, сите форми содржани во истата конвергираат кон замислената топка. Невидлива, топката сепак е средиште на сликата. Слично е и со политиката: никој никогаш не ја видел, но без неа ниту човекот може да живее, ниту пак општеството може да функционира и опстојува. Станува збор за политика која во своето средиште ги има моралот и доблестите. А морал и доблести, нема без домашно воспитување, соодветно образованите и вредносен систем (втемелен во етика и проткаен со доблести).

Затоа, тука повторно ќе се навратиме на односот политика и образование. Овој однос, гледан во современиот и актуелен момент, но и во историска перспектива е многу сложен. Тој е испреплетен и често замрсен, онака како инаку можат да бидат замрсени односите и релациите во политиката, околу политиката и во допир со политиката – особено во Македонија. И образованието и политиката имаат ист објект на дејствување и влијание – човекот и општеството. Целите во еден дел (на политиката и на образованието) се исти, во друг се слични, а во трет дел, кој најчесто преовладува, се сосема различни. Оттука произлегува наведената замрсеност и испреплетеност на нивниот однос и нивните врски. И затоа односот помеѓу образованието и политиката  се поставува во две нивоа на разгледување и анализирање. Прво ниво е, нивото во кое политиката е домен на образованието. Второ ниво е, нивото во кое образованието е домен на политиката.

Основната врска и основниот однос на образованието и политиката во нивото во кое политиката е домен на образованието, се однесува на знаењето(професоре, очигледно е дека имате знаење, ама како го користите во парламентот кога сте во улога на народен пратеник?), и по својата природа се слични на основната врска и основниот однос помеѓу образованието и религијата, како и помеѓу образованието и културата(Инаку, со култура и културни манири професоре, чинам дека сме малку тенки). Овие врски и односи се остваруваат, опсервираат и анализираат низ две призми. Првата е, призмата низ која образованието се гледа и остварува како процес на стекнување на знаења за политиката и од политиката. Професоре, треба да се знае дека политиката, во сите свои домени, на сите нивоа и во својата вкупност е поле на факти, што значи дека е општествена реалност исполнета со материјални и духовни творевини, како и психички процеси, кои сите заедно го чинат знаењето. Тоа и такво знаење се учи, а го учат како поединци, но преку нив и широките општествени групи, организации и заедници. Учењето на фактите за политиката и од политиката, било кој да ги учи, било каде да се учат и во било која форма да се учат (организирано или неорганизирано), во образовниот процес или вон него, со средствата на масовно комуницирање и/или во рамките на конституелните форми, претставува образовение(професоре ви реков комплицирано е, ама сигурен сум сваќате). Тоа и такво образование е посредник помеѓу политиката и поединецот. Тоа е трансмисиона сила и тоа една единствена помеѓу политиката и личноста(тука мислам и на вас, но и на сите што ве гледаат во Парламентот). Без образование, знаењата од политиката и за политиката би останале недостапни и најверојатно непознати за човекот. Човекот би останал политички неписмен. Ова, пред се, се мислам на културолошки и етички контекст.

На второто ниво (во кое политиката е домен на образованието), кое секако е пошироко, овој однос (на политиката и образованието) може да се разгледува како однос помеѓу политичко образование (политичката социјализација) и политичка култура. Е, тука сме најтенки, најсиромашни – за жалење сме. Професоре, мораме да се поправиме. Мораме! Народот што не плаќа го бара тоа од нас. Тоа пак и не е толку страшно. Основна констатација е: политичката култура се спознава, стекнува и учи. Таа се пренесува од постарата генерација на помладата, но се усвојува, стекнува, учи, одржува и менува и во интергенерациски и внатрегенерациски односи и процеси. Политичката култура се менува и трансформира во изменети социо-економско-политички услови, а во одредени околности доаѓа до формирање на нова политичка култура (професоре, вие сте млад човек, сеуште неизвалкан во политиката, па како таков треба да сте предводник во новите културни текови, а не кавгаџија, закачулко и склон кон навреди ad hominem). Целината на тие односи и процеси е политичката социјализација. Политичката социјализација опфаќа севкупно политичко образование: формално и неформално, во институциите и надвор од нив, планирано и непланирано.

Политичката социјализација е слоевит процес на учење кој се одвива подеднакво на индивидуален план, организационен план(на пример во партијата Левица), и на план на општествената заедница како целина(во институциите како Парламентот). На индивидуален план политичката социјализација е насочена кон создавање на основен тип на личност потребен за репродукција на политичкиот систем. Станува збор за едукација и оспособување на поединците со оние знаења кои им овозможуваат дејствување како политички актери во рамките на одреден политички систем. На организационен план, се работи за учење и оспособување на политичката партија како основен субјект во политичкиот систем. На општествен план политичката социјализација се појавува како целина на процеси преку кои општеството ги пренесува основните политички знаења, вредности и норми на однесување.

Основниот однос на образованието и политиката, на ниво во кое образованието е домен на политиката, се однесува на политиката на едуцирање и оспособување. Таа понекогаш се нарекува воспитна, образовна и едукативна политика. Едукативната политика се одредува како вкупност на принципи, односи, форми и инструменти со кои се обезбедува и насочува развојот на образованието и оспособувањето во функција и интерес на сите членови на општествената заедница. Сето тоа е во согласност со социјалните, економските, културните и научните цели и потреби, и на нив соодветните политики. Во тој контекст опфатени се сите мерки за да се обезбеди влијание на едукацијата и обуката. Секако се употребуваат и средствата на масовно комуницирање и нивното влијание на јавното мислење. Ваквиот вид на политичка едукација и обука може да биде повеќе или помалку конзервативна или прогресивна. Тоа зависи од политичката борба, на политичката сцена, во периодот пред изборите, како и за време на самите избори. Политичката партија која учествува на изборите и единствена цел и  е да победи и да ја освои или да ја задржи веќе освоената власт, мора да посвети големо внимание и грижа на едукацијата и обуката на нејзините членови и симпатизери, како и на нејзиното раководство, на државно, регионално и локално ниво. Учењето, стекнатото знаење и практичната примена на истото во предизборниот, изборниот и постизборниот период е основна одлика на една модерна политичка партија, во смисла на организација која учи, напредува, знае и умее.

Тука некаде, професоре привршуваме. Имајќи во предвид дека сте лидер на политичка партија, за крај сакам да нагласам: Лидерите мајсторуваат со интелектуалното, го почитуваат емотивното и владеат со волното. И никогаш, ама никогаш не го запоставуваат моралното. Останете ми со здравје професоре и секое добро за вас и Левица.

 

Сотир Костов

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Променливо облачно, попладне ќе има и дожд

Следно

Јапонија вети помош, посакува слобода и просперитет за сирискиот народ

Latest from Blog

Претседателот на турскиот Парламент, Куртулмуш, во посета на Старата скопска чаршија

СКОПЈЕ (AA) – Претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, ја посети историската Стара скопска чаршија, каде што се сретна со граѓаните кои му изразија срдечно добредојде, јавува Анадолу.

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза

Најави за обилни врнежи од дожд и снег

Метеоролозите за утре најавуваат врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25

Јанев: Акцијата во Арачиново е показател за борбата против криминалот без компромиси

Директорот на БЈБ, Александар Јанев вели дека борбата против криминалот е еден од нивните приоритети. Истакнува дека пораката е јасна, криминалот во Македонија веќе не е исплатлив. -Се бориме неселективно и решително,
Go toTop