Ана Стојаноска ќе одржи предавање на тема „Да пишуваме за театар!“ во ДПМ

December 9, 2024
1 min read

Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска утревечер (19.00) ќе одржи интерактивно предавање „Да пишуваме за театар!“ во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). 

– Затоа за мене театарот е најубавата уметност, трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување. Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното – македонските прилики на театарските рецепции овде и сега, наведува Стојаноска.  

Предавањето е од отворен карактер, а влезот е слободен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Какви казни изрече АХВ за кујните во приватните градинки?

Следно

Променливо облачно, попладне ќе има и дожд

Latest from Blog

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата.

Менкиноски: За црниот печат од Бугарија очекувам соодветна реакција од Парламентот, МНР, Советот на Европа и ОН

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, денеска го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори
Go toTop