(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Oчајнички обиди на ДУИ: Повеќе новинари, помалку „протестанти“ пред Уставен

December 8, 2024
1 min read

Повеќе новинари отколку „протестирачи“, односно членови на ДУИ. 40 новинари, 30 интегративци. Ова е најкусиот опис на непринципиелниот протест на интегративците пред Уставниот суд, со цел да влијаат врз нивната одлука за Законот за употреба на јазиците, закон кој истите тие ДУИ заедно со Заев, насила и без прифаќање на негативното мислење на еминентната Венецијанска Комисија (врвно правно тело во Европа) го донесоа со перфидно европско знаменце. Тогаш, за потсетување, иако требаше, Македонците не протестираа. Тогаш, владеееше хибридниот режим на ДУИ/СДСМ.

Ова не е „Стража на јазикот“, туку „Стража на стравот“ , страв и уплав на ДУИ од истрагите на органите на прогонот за криминалот правен 7 години, ценат аналитичарите. Патетично или не, но протестираат пред суд, само за да не завршат на друг суд. „Дали следно ќе протестираат пред обвинителството и пред МВР, за да не ги активира и процесира веќе доставените истраги и кривични дела?“  прашуваат познавачите.

Сега, опозициската ДУИ е фатена во еден од последните, патетични обиди за враќање на власт преку дестабилизација. Откако не успејаа со сквернавењето на македонското знаме на денот на албанското, акт на партијско дивеење на кој полицијата не подлегна, сега пулените на Алија Ахмети се обидуваат да привлечат внимание преку директен притисок врз Уставниот суд. Наводно, ќе седеле таму како „Стража“ до одлуката на судот за Законот за употреба на јазиците, закажана за 11-ти декември 2024, следната среда. Проблемот е што овие 30-на луѓе, меѓу кои 5-6 високи функционери на ДУИ (Груби, Османи, Бектеши и Муса Џафери) се обидуваат на крајно нелегален начин да извршат притисок врз уставните судии, чин кој во секоја нормална земја е предвреме осуден на пропаст и осуда.

Евтините политички поени, ДУИ ќе ги собира на овој начин, затоа што не знат како поинаку, а над глава им висат процесите со сите тендери, „грантови“ и проневери на државни пари во изминатите 7 години, толкуваат познавачите за Курир. Дали преку глума дека се грижат за Албанците, интегративците ќе се спасуваат од затвор?  – гласно прашуваат граѓаните по социјалните мрежи.

Откако сфатија дека имаат помалку пратеници – етнички АЛбанци од ВЛЕН, а со тое и не се ни легитимен мнозински претставник на Албанците во Македонија, ДУИ ќе споведуваат се’ поочајнички сценарија, а овој евтин популизам е само дел од Боливудското, евтино сценарио склепано на Мала Речица, предупредуваат познавачите на политичките состојби во Македонија.

Главниот проблем за ДУИ е јасниот недостиг на поддршка од меѓународниот фактор, кој одамна сфати дека не треба да има ништо со оваа криминална банда, која под превезот на борбата за национални права, изврши вистински погром на државните финансисии и претпријатија.

Граѓаните веќе на големо ги тролаат челниците на ДУИ со нумерата на од неодамна починатиот Бора Чорба „Кажи, ко те љуби, док сам ја на стражи“…

ЛИНК ДО ВИДЕО БОРА ЧОРБА „Кажи ко те љуби, док сам ја на стражи“ 

 

Во продолжение, ГАЛЕРИЈА ОД ПРОТЕСТИТЕ НА ДУИ (повеќе новинари, отколку протестанти)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Додик хоспитализиран со болки, следи операција

Следно

Познат идентитетот на тројцата починати во неготинско Црвени Брегови

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop