По 61 година падна режимот на партијата Баас во Сирија

December 8, 2024
1 min read

ДАМАСК (АА) – Режимот на партијата Баат во Сирија падна по 61 година на власт преку насилно угнетување на сирискиот народ, јавува Анадолу.

Сирискиот режим, кој е на власт од 1963 година, а против кој во 2011 година се крена востание, по што во Сирија изби граѓанска војна, падна со губењето на контролата над престолнината Дамаск.

Арапската социјалистичка партија дојде на власт во Сирија во 1963 година со државен удар. Во 1970 година, таткото на Башар ал Асад, Хафез, ја презеде контролата врз партијата изведувајќи пуч, за во 1971 година да стане претседател на државата.

Башар ал Асад ја презеде власта во 2000 година, по смртта на неговиот татко.

Власта на Асадови и партијата Баас падна со влегувањето на антирежимските сили во Дамаск.

Во текот на ноќта антирежимските сили влегоа во центарот на сирискиот главен град Дамаск, над кој режимот на Башар ал Асад изгуби контрола.

Откако претходно вечерва антирежимските вооружени групи влегоа во јужните предградија на Дамаск, режимските сили почнаа да се повлекуваат.

Антирежимските демонстранти потоа започнаа протести низ главниот град, а силите на сирискиот режим ги напуштија локациите како што се објектите на сириското Министерство за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Меѓународниот аеродром во Дамаск.

Со влегувањето на демонстрантите во просториите на стратешки важните објекти, сирискиот режим ја загуби контролата над главниот град Дамаск.

Сирија е средиште на граѓанска војна од 2011 година, а судирите повторно се интензивираа од крајот на ноември кога антирежимските групи ја презедоа контролата врз Алепо. Потоа ја презедоа контролата врз цел Идлиб, а потоа и врз Хама.

Вчера опозициските групи ја презедоа контролата и во покраината Дера на границата со Јордан. Денес, локалните опозициски групи ја презедоа контролата во јужната покраина Сувејда и во Палмира кај Хомс.

Опозициската Сириска национална армија ја спроведе операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во округот Тел Рифат, ослободувајќи го подрачјето од терористичките елементи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МНР ги повикува македонските граѓани да ја напуштат Сирија

Следно

Никола Јокиќ броеше до 56, но Денвер загуби од Вашингтон

Latest from Blog

Добрила Грашеска испеа македонска песна за Божик и една љубовна за грчкото Фолкрадио

Македонската вокалистка Добрила Грашеска испеа божиќна и љубовна песна за грчкото Фолкрадио. „Пред два-три дена грчкото радио и портал Folkradio.gr ме замолија да испеам песна поврзана со Божик. Јас ја испеав прилепската песна што

СО 90 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ СЕ КОНЗЕРВИРА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Вредниот фрескоживопис од 14. век во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане конечно ќе биде конзервиран. Министерството за култура за наредната година одвои 5,5 милиони денари (околу 90 илјади евра) со кои

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што, заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како што рече, се купувале скапи имоти во земјата и во
Go toTop