ДУИ бара оставка од Тошковски – тој изјави дека екс градоначалник на ДУИ бил вмешан на Денот на албанското знаме

December 7, 2024
1 min read

Демократската унија за интеграција реагира на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека екс градоначалник од редовите на интегративците бил вмешан во случувањата на Денот на албанското знаме. Од оваа партија обвинуваат дека Тошковски без основа и кредибилитет го тврдел ова со цел да го пренасочи вниманието од неговите неуспеси и затоа бараат оставка од него.  

„Тоа е истиот министер кој ден пред да биде уапсено лице со ментална попреченост како сторител на палењето на автомобилот во Куманово, јавно изјави дека има „оперативни информации“ за софистицирана организирана група што стои зад нападот. Како може да се верува на министер кој покажал толку изразена неспособност да се справи со едноставни ситуации и кој постојано шири лажни информации? Сега истиот министер се осмелува да дава неодговорни изјави со вклучување на поранешен градоначалник од ДУИ во организација на инцидентите на Денот на знамето, без никакви конкретни докази“, велат од ДУИ.

Тошковски во вчерашното интервју за Сител рече дека безбедносните служби имале оперативни информации дека зад настаните на Денот на албанското знаме стоеле високи структури на ДУИ.

„Факт е – да, дека има одредени оперативни информации дека поранешен градоначалник од редовите на ДУИ директно бил вклучен заедно со друга група во делот на организирање на овие настани, но за разлика од претходно кога имавме политички прогони еден тон, сега Министерството постапува по насока на Јавно обвинителство со факти и докази, не одиме слепо како претходно. Така ќе биде и во овој случај. Доколку обезбедиме докази доколку се постапат со аргументи оние индиции што постојат, ќе постапиме“, порача Панче Тошковски.

Демократската унија за интеграција неодамна до Собранието поднесе иницијатива за интерпелација на министерот Тошковски, но од опозициската СДСМ најавија дека нема да ја поддржат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЛДП: Да се забрани „Тик-Ток“ и во Македонија

Следно

Пустинско сафари во Дубаи: Адреналин и традиција меѓу песочните дини

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop