Зимата ја продлабочува кризата: ОН повикуваат на итна испорака на помош за Газа

December 6, 2024
1 min read

Во петокот Обединетите нации повикаа на итна испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, истакнувајќи ги тешките услови во кои живеат половина милион Палестинци пред доаѓањето на зимата, известува Анадолу.

„Како што се наближува зимата, близу 545.000 луѓе во Газа живеат во оштетени објекти или привремени засолништа, нагласувајќи ја потребата церадите и материјалите за реконструкција да бидат безбедно доставени до Појасот Газа без одлагање“, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик за време на прес-конференција.

Цитирајќи ги податоците од Фондот за население на ОН (УНФПА), Дужарик рече дека 50 камиони со основни материјали, вклучително и ќебиња, генератори за струја, лекови и хируршка опрема, со недели се заглавени на египетската граница.

Израел има целосна контрола врз влезот на сите прехранбени производи и материјали во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа на палестинско-египетската граница.

„Многу камиони седат таму 50 дена“, рече Дужарик. Тој додаде дека ОН и нивните партнери продолжуваат да повикуваат на безбедно поминување на хуманитарната помош во Појасот Газа, додека страдањата се влошуваат.

Директорката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, изјави дека речиси милион деца во Газа ги очекува нова зима без основно засолниште, храна, вода и заштита.

„Мора да заврши страдањето на сите деца фатени во овој кошмар. На децата им треба прекин на огнот. Сега“, рече Расел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минчев: Владата има политичка волја да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација

Следно

Кадриу и Ајдари, ќе ја бојкотираат седницата на Уставниот суд со Законот за јазици

Latest from Blog

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

„Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДС ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен и исполнет со внатрешен страв. Јасно

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2. Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола.

Нетанјаху: Израел и Хамас се многу блиску до втората фаза од мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се очекува неговата земја и палестинското движење Хамас „многу брзо да преминат во втората фаза од прекинот на огнот“ откако Хамас ќе ги врати останките на

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот одбор на партијата Антонијо Милошоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Со тоа,
Go toTop