Се излизга возилото на обезбедувањето на Гаши, тројца повредени

December 6, 2024
1 min read

Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши соопштија дека во денешната сообраќајна незгода на патот Охрид-Кичево, полициското возило во кое се наоѓаа припадници од неговото обезбедување излетало од патот. Тие патувале како дел од претходницата за неговата посета во Охрид.

Според соопштението, тројцата членови на обезбедувањето се здобиле со полесни телесни повреди, но нивната здравствена состојба е стабилна. Им е пружена медицинска помош и се наоѓаат во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

По пристигнувањето во Охрид, Гаши се упатил во болницата за да се увери лично во здравствената состојба на повредените.

Во соопштението се додава дека сообраќајните несреќи, особено при лоши временски услови и на опасни патишта, се несреќна реалност. Кабинетот на Гаши изрази благодарност за брзата реакција на службите за итни случаи и лекарскиот тим, нагласувајќи дека безбедноста останува приоритет.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По „10-та мајка“ бел чад од бугарското собрание: Киселова се „заблажи“ со фунцијата претседател

Следно

Средношколци нападнати во близина на училиште во Аеродром – еден од напаѓачите вперил и пиштол кон нив!

Latest from Blog

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го
Go toTop