Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи

December 5, 2024
2 mins read

Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи, не само во она што го зборува, туку и во она што го прави, истакна заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф, по заедничката средба со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски, пак, рече дека она што и останува на земјава е да бара решение за отпочнување и завршување на процесот за пристап кон Европската унија, а во меѓувреме, како што рече, да ги завршиме домашните задачи во врска со владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата.

– Она кое што останува на нас е да бараме решение овој процес да отпочне и да се заврши. Ние не сакаме да се натпреваруваме во оваа трка само за да почнеме, туку сакаме и да го завршиме. Такво решение треба да бараме кога ќе почнеме, колку сме направиле, колку реформи сме испорачале, колку сме брзи во тој процес, да го завршиме и, како што кажа господинот Касаноф, да го завземеме нашето природно место во рамките на ЕУ … А во меѓувреме, треба да си завршиме и многу домашни задачи. Тука е борбата со криминалот и корупцијата, нешто за кое што јас шести месец зборувам, нешто за кое што граѓаните нас не обвинуваат како Влада, зошто сме немоќни да испорачаме одговорност, зошто некои луѓе не се одговорни, а сите знаеме што направиле и како направиле, рече премиерот.

Во делот на економските реформи, Мицкоски рече дека се постигнуваат резултати во делот на подобрување на стандардот на живеење на граѓаните, дисциплината во институциите.

-Сето тоа претставува домашна задача. Ова се две паралелни улици, два паралелни булевари кои мораме да ги одиме и многу е важно дека зависат од нас, а ние се ќе направиме што е во наша моќ ова да го испорачаме, посебено кога станува збор за реформите и сето она што претставува домашна задача, рече премиерот.

Прашан дали може да се очекува проширување на црната листа, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен БалканКасаноф рече дека не може да коментира детали во моментов, но како што рече, тоа е нивен приоритет и е нешто на кое што САД.

– Сакам да подвлечам дека нашата поддршка за борбата против корупција е нешто што ние го сфаќаме многу сериозно во САД и нешто со што се справуваме на неколку начини тука во С.Македонија. Имаме неколку програми кои што ги користиме за да можеме да ги поддржиме напорите за борба против корупцијата. Што се однесува до црната листа или санкциите, не можам да коментирам за детали во моментов, но можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме, рече Касаноф.

Во врска со поддршката на САД за земјава и доаѓањето на новиот претседател Доналд Трамп во јануари, Касаноф во одговор на новинарско прашање рече дека не може да зборува за новата администрација која што треба да дојде, но, рече, она кое што може да го каже е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, САД ќе продолжи да ги вложува своите напори за тековните реформи во земјава.

– Несоодветно е за мене да зборувам за новата администрација која што треба да дојде, тоа зависи од нив, но она што можам да ви го кажам е дека во преостанатите месеци до крајот на администрацијата на Бајден, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики што се однесуваат до С. Македонија, да ги поддржуваме реформите за тековните реформи за нејзиниот пат кон ЕУ, рече Касаноф.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изгласана недоверба на француската влада, Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата

Следно

Зголемен бројот на лица заразени од грип за 65

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop