Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад

December 4, 2024
1 min read

Младиот студент – истражувач Матеј Милосиевски од студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет (МФС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со неговиот колега Андреја Поповиќ од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), создадоа уред за рециклирање отпад од полиетилен терефталат (PET) во филамент за 3D печатење.

Милосиевски, во соработка со менторите доц. д-р Маја Аначкова и доц. д-р Симона Домазетовска на меѓународната конференција RE-MEMBER 2024, организирана по повод 20 годишнина на насоката Мехатроника и дванаесеттата меѓународна студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2024, презентираше труд со наслов „Одржлив развој во областа на адитивното производство: Креирање уред за рециклирање PET во филамент за 3D печатење со помош на пултрузија“.

На овој начин, тој го подобри овој open-source концепт што е во развивање од 2022 година со кој, всушност, дискутира за развојот на новиот пристап за рециклирање отпад.

При реализација на проектот обезбедена е поддршка од Fab Lab – Скопје и голема поддршка и менторство од асс. д-р Огнен Тутески и Вишиот лаборант Бобан Кусигерски.

„Овој метод користи пултрузија наместо традиционалното обликување за формирање рециклиран PET (rePET) филамент. При процесот на пултрузија, полимерот се загрева доволно за да се обликува без целосно топење на материјалот, нудејќи потенцијални заштеди на енергија. Модифицираниот уред за пултрузија, создаден и користен за оваа студија, е конструиран главно од компоненти пренаменети од стар Ender 3 3D принтер, надоврзувајќи се на севкупната одржливост како прв приоритет. Процесот на добивање на rePET филамент почнува со отпадниот PET, во овој случај е пластично шише, по што следи загревање и обликување под константен напон преку модифицирана дизна до стандарден дијаметар на филамент за 3D принтање“, објаснува Матеј.

Проектот е поддржан преку повикот за финансирање научноистражувачки проекти за 2023/2024 од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Трудот ја идентификува потребата за подобрување на униформноста и механичките својства на rePET за поширока примена во адитивното производство.

„Оваа студија служи како доказ за концептот за одржливо рециклирање на PET за филамент за 3D принтање, иако е потребно понатамошно усовршување и оптимизирање на процесот за индустриска употреба. Идните истражувања ќе се фокусираат на подобрување на униформноста на филаментот и истражување на оптималните параметри за 3D принтање. Овој проект придонесува за напредокот на одржливите производствени практики преку обезбедување иновативно решение за отпадниот PET, усогласувајќи се со 6R концептот на производство (Reduce, reuse, recycle, recover, redesign, remanufacture). Се надеваме дека овој проект ќе биде инспирација и мотив за многу идни студентско-предводени проекти насочени кон подобрување на нашето општество”, вели Милосиевски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгласана недоверба на владата на францускиот премиер Берние

Следно

Што значи нарушена стабилност на Првиот столб за осигурениците од Вториот столб? Одговара Саздов

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop