Стојкова Серафимовска: Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски е одраз на страв и паника на СДС и ДУИ

December 3, 2024
1 min read

СДС и ДУИ се уплашени од Панче Тошковски, затоа што не им поминува ниту едно црно сценарио, кое го смислија за дестабилизација на државата. МВР експрено реагира на сите сценарија на СДС и ДУИ, институциите за 24 часа расчистуваат секаков криминал, и нормално е СДС и ДУИ да се нервозни, истакна Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ се нервозни зошто знаат дека ќе дојде време за одговорност за сите криминали кои ги правеле.

И СДС и ДУИ се плашат за криминалот кој го правеле во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ЈПДП, Државна Лотарија.

СДС и ДУИ се плашат зошто знаат дека криминалците во нивните редови ќе се соочат со законот.

И СДС и ДУИ гледаат како експрено се решава секој случај, а криминалците кои тие до вчера ги штитеа и со кои се фотографираа сега не можат да дивеат по улиците.

И СДС и ДУИ се во паника зошто не можат да издаваат пасоши на белосветски криминалци.

Со Панче Тошковски МВР почна да работи по закон, и нема недопирливи.

Интерпелацијата за Министерот Панче Тошковски е одраз на страв и паника на СДС и ДУИ и допрва ќе се плашат, зошто кој се огрешил пред законите и треба да се плаши, зошто ништо повеќе не е како до сега. Одговорност ќе има за секој еден криминалец, без разлика колку СДС и ДУИ да предизвикуваат вештачки кризи за да избегнат одговорност, додава таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полемики по изјавата на Јаневска за ОНА – „Арогантно однесување“, „требаше да биде позрела“

Следно

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 44.500

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop