(ВИДЕО) Лазарова-Трајковска не гледа проблем во тоа што на Стразбур му требаа пет години да се изјасни

February 17, 2023
3 mins read

Кога тој е пристигнат во 2017 година, Судот, според новата методологија за работа, не го рангирал како предмет со приоритет, бидејќи тој не покренува прашања поврзани со правото на живот, со тортура, деградирачко постапување, туку сите апликации се насочени кон правото на правично судење, тоа е член 6, па и покрај неговата сложеност и обемност, којашто провејува низ предметот, ЕСЧП го става во групата предмети коишто чекаат да им дојде време за одлучување, вели поранешната судијка во Стразбур, Мирјана Лазарова-Трајковска, во интервју за „360 степени“

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд на РСМ, Мирјана Лазарова-Трајковска, не гледа проблем во тоа што на ЕСЧП му требаа повеќе од пет години да донесе одлука со која шесте апликации на осуммина осудени и обвинети во случаи на СЈО ги прогласи за преуранети и недозволени (недопуштени). Во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат, Лазарова-Трајковска рече дека тоа е резултат на новата методологија на работа на Судот, како и на комплексноста на случајот.

Ваков предмет, за кој одлуката е напишана на 35 страници, вели судијката Лазарова-Трајковска, во моментот кога доаѓа пред Европскиот суд за човекови права, во регистарот сигнализира дека станува збор за сложен предмет и дека треба да му се пристапи со должно внимание.

„Кога тој е пристигнат во 2017 година, Судот, според новата методологија за работа, не го рангирал како предмет со приоритет, бидејќи тој не покренува прашања поврзани со правото на живот, со тортура, деградирачко постапување, туку сите апликации се насочени кон правото на правично судење, тоа е член 6, па и покрај неговата сложеност и обемност, којашто провејува низ предметот, Судот го става во групата предмети коишто чекаат да им дојде време за одлучување. Тоа е поради методологијата на работа. Судот веднаш ги зема во работа предметите кај кој има приоритет поради последиците што може да настанат: загрозен живот, тортура…“,

вели Лазарова-Трајковска, која од 2008 до 2017 година беше судијка во Стразбур.

Мирјана Лазарова-Трајковска, врховна судијка и поранешна судијка во ЕСЧП (2008-2017 г.) во „360 степени“ на ТВ Алсат

Според неа, сепак, сложеноста на предметот го покренала сензибилитетот кај Судот во однос на пристапувањето, па затоа бил ставен во групата предмети што ќе чекаат да бидат обработени во совет од седум судии, иако уште на почетокот можел да биде отфрлен.

„(Судот н.з.) може, иако не се искористени правните лекови, да рече дека ќе го отфрли во формација на судија поединец или во состав од комитет од тројца судии. Но, бидејќи овој предмет уште кога стигнал, поради својата комплексност и значајност, го покренал сензибилитетот, Судот го ставил во предметите што ќе чекаат да бидат обработени во совет од седум судии. Затоа малку подолг временски период е поминат дури е земен во работа. По него почнало да се постапува во 2020 година, како што се гледа од одлуката, кога се комуницирани прашања до државата. И овој дел од постапката бил малку покомплексен, бидејќи меѓу жалителите има странски државјани (Едмонд Темелко, н.з.), па Судот се обратил и до Република Албанија и прашал дали таа ќе се замеша во овој предмет, што не било случај. Се појавуваат и две граѓански организации како замешатели во предметот кои бараат Судот да ги земе предвид и нивните опсервации. Значи тоа сѐ се елементи што на Судот му наложиле да пристапи во поширока временска рамка“,

вели таа.

Сумирано, Лазарова-Трајковска не гледа проблем во тоа што на Судот му требале 5 години за да се изјасни.

„Јас не гледам проблем, напротив. Мислам дека Судот, поради комплексноста на предметот, пристапил многу темелно. Го комуницирал со државата, со странската држава чиј државјанин е жалител, граѓански организации се појавиле со свои опсервации…“,

вели Лазарова-Трајковска.

Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, шесте апликации на осуммина осудени и обвинети во случаи на поранешното СЈО, меѓу кои експремиерот Груевски, ексминистрите Јанкуловска и Јанакиески, ексдиректорот на УБК, Мијалков, се прогласуваат за преуранети и недопуштени. Тие бараа од Судот во Стразбур да каже дека еднаш дадено помилување, какво што добија од претседателот Ѓорге Иванов во 2016 година, не можело да биде повлечено, а Судот им одговори дека прво требало да ги исцрпат сите правни лекови дома. 

Адвокатот Влатко Илиевски, кој е застапник во сите шест апликации, во изјава за „360 степени“ вчера рече дека му е несфатливо што на ЕСЧП му било потребно долго време да одлучи дека апликацијата е преуранета. Инаку, Илиевски е сопруг на Гордана Јанкуловска, една од засегнатите од одлуката на ЕСЧП.

Во интервјуто, Лазарова-Трајковска зборува и за дилемите на адвокатот на апликантите, Влатко Илиевски, кој рече дека Судот во Стразбур во текот на постапката влегол во суштествена расправа за помилувањето, а на крај, наместо мериторно да пресуди за ова прашање, донел одлука за недозволеност на жалбите. Таа објаснува и на што мисли Судот кога жалителите ги упатува да ги исцрпат сите правни лекови во домашниот судски систем.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јунајтед доби историска понуда, еве што нуди новиот потенцијален сопственик од Катар

Следно

Американската војска тврди дека убила еден од водачите на Исламската држава во Сирија

Latest from Blog

Роб Бауер: Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат близу три отсто од својот БДП во одбраната

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на

Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, претходно прогласен за непожелен за САД

Албанскиот специјален суд против организиран криминал и корупција, попладнево му изрече казна затвор во траење од 2 години и 8 месеци на поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако. Под обвинение за „злоупотреба

Жителите Албанци на Визбегово: Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски ги одржа ветувањата што ДУИ и СДСМ со години не ги исполнуваа

Визбегово, една од најголемите населби на општина Бутел, денес е пример за посветеноста и добрата работа на градоначалникот на општината, Дарко Костовски. Жителите Албанци од оваа населба велат дека се задоволни и

„Се стеснува кругот околу Нетанјаху и неговата мрежа за масакр“

АНКАРА (АА) – Претседателот Ердоган се обрати по состанокот на владата на Туркије, известува Анадолу. Претседателот Ердоган осврнувајќи се на ситуацијата во регионот рече: „Иако некои упорно го игнорираат тоа, веќе 14

Касемиро нема намера да се врати во Реал

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро одбил да се врати во Реал Мадрид, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Според информациите, Бразилецот својот период во мадридскиот клуб го смета за затворена страница.
Go toTop