„И два насто доверба ви се премногу“: Судски совет не се „собра“ ниту за избор на нов претседател

December 3, 2024
1 min read

Што да очекувате од Судски совет чии членови не можат да се „соберат“ и да формираат кворум ни за назначување нов претседател, не па за нешто помалку сериозно? Ова е логичното прашање кое си го поставија граѓаните по вчерашната папазјанија во советот на судии кои по театралната оставка на довчерашната претседателка Дамева (која, само замислете,  требаше да заврши со мандатот „дури“ утре), не се собраа да обезбедат кворум за избор на нов претседател на институцијата која раководи со судството со два насто доверба кај граѓаните.

„И два насто доверба ви се премногу“ е само еден од коментарите на ФБ кој одлично ја отсликува соостојбата, имиџот и довербата на граѓаните кон Судскиот совет и македонското судство чији перјаници треба да бидат токму дотичните членови и чие распуштање како идеја и немера на премиерот Мицкоски наиде на инстант огромна поддршка во општеството.

Судскиот совет вчера попладне не избра нов претседател, затоа што имаше отсутни членови на итната седница што ја закажа претседателката Весна Дамева, откако претходно поднесе неотповиклива оставка.

Отсутни од итната седница беа судијката Лорета Георгиева опоради боледување и судијата Александар Камбовски поради годишен одмор.

По нејзината неотповиклива оставка Дамева свика итна седница на која првата точка од дневниот ред беше да се констатира дека таа повеќе не е претседател на Судскиот совет, а втората точка требаше да биде избор на нов.

Членот на Советот, судијата Исамедин Лимани предложи таа точка да биде одложена.

Советот не е во полн состав на советот, двајца се отсутни од седницата. Исто така, ние сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот, еден член од судиите од општата листа од апелациското подрачје Штип и еден член од посебата листа, а изборите ќе се одржат на 11 декември. Затоа предлагам изборот на нов претседател на Судскиот совет да биде подоцна – рече судијата Лимани.

Со ваквата аргументација се согласија и другите членови и едногласно, со 11 гласа „за“ донесоа одлука изборот на нов претседател да биде одржав на некоја од наредните седници.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тирана блесна во новогодишно руво

Следно

Возачи сменете ги возачките дозволи – ова е крајниот рок!

Latest from Blog

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го

Ландо Норис со трета победа во сезоната во Формула 1

Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) ја забележа својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако победи во директен дуел против својот тимски колега Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) во напнатата трка за

Конгрес на Движењето ЗНАМ: Максим Димитриевски на чело и во следните четири години

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија  го одржа Вториот Конгрес на којприсутните 413 делегати едногласно за претседател на партијата воследните четири години го избраа Максим Димитриевски. Обраќајќи се пред сопартијците, делегатите и

СДСМ открива нов скандал во МВР: Милионски тендер за возачки испити завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите  за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, откри
Go toTop