Бајден се соочи со остри реакции од дома и од надвор поради помилувањето на синот Хантер

December 2, 2024
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша решение со кое го спасува неговиот син Хантер од казна во случаите за нелегално купување и поседување на огнено оружје и за затајување на данок

Образложувајќи ја својата одлука, претседателот на САД рече дека преку обидот да го скршат Хантер, се обиделе да го скршат него што било доволна причина за Бајден дека политичките непријатрели нема да запрат на тоа.

„Повеќе мои политички опоненти во Конгресот притискаа за овие случаи само поради мене. Секој здраворазумен човек гледа дека овие кривични прогони беа мотивирани чисто од политички причини“, Џозеф Бајден претседател на САД.

Постапката на Бајден остро ја критуикуваа републиканците. Новозибраниот претседател Трамп изјави дека „помилувањето треба да ги вклучи и „заложниците од 6 јануари кои се во затвор со години“. Демократски првенци од Конгресот реагираат воздржано или се дистанцираат од одлуката на Бајден, која се очекува да донесе значајна политичка штета во нивните редови посебно по доаѓањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари.

Бајден во јуни во две интервјуа потврди дека ќе прифати секаква одлука на поротата од судењата против неговиот син и дека нема да го помилува. Минатиот месец тоа го потврдија и во Белата куќа.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Верските поглавари ги повикаа граѓаните да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот

Следно

Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин на оваа земја оти не не водат напред, тврди Муртезани

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop